Дали „прегорувате“ во теретана?

А.С.
/ 06.11.2025 / 14:11

Дали веќе сте толку навикнати на режимот на вежбање што сега имате повеќе штета отколку корист? Решете го овој тест и дознајте!

Кога сме на крај на тренингот се чувствуваме како да сме на врв на светот. Ендорфините јурат низ крвотокот, имаме енергија, добро расположение и сѐ одеднаш изгледа побезгрижно. Чувството е толку добро, што понекогаш луѓето буквално „се навлекуваат на вежбање“.

Личната фитнес инструкторка Никола Едисон која работи со многу славни личности, како манекенката Ел Мекфирсон, вели дека ставот кон вежбањето може да стане премногу еуфоричен и да изгубите фокус од вашите фитнес цели.

Повеќе и појако не значи секогаш подобро за вашето тело. Треба да научите да ги препознавате овие „црвени светла“ и да знаете кога е време да забавите и да смените нешто.

Решете го овој тест и дознајте дали сте на чекор до прегорување во теретана:

1. Дали сте вознемирени кога треба да почнете со тренинг? Дали се нервирате ако вашата омилена лента за трчање е зафатена или не ви се допаѓа музиката во позадина?

2. Дали имате воспаленија на мускулите што траат со денови? Во ред е, на пример, да чувствувате воспаление до 72 часа по тренингот, но дали во се случува болката да трае до 4,5 дена?

3. Дали ви е тешко да заспиете навечер? Дали чувствувате немир кога ќе легнете во кревет?

4. Дали имате чувство дека стагнирате? Дали ви се чини дека не постигнувате резултати какви што сакате? Или дека веќе немате никаков напредок?

5. Дали ви е променет апетитот и не ви се јаде ништо иако напорно сте вежбале и потрошивте многу енергија?

6. Дали сте уморни уште по загревањето, наместо да сте полни со енергија?

7. Дали ви се губи мотивацијата и одвај се убедувате да тргнете на тренинг иако претходно сте се радувале на тоа и одвај сте чекале да влезете во теретана?

8. Дали сте тажни и нерасположени во деновите кога не вежбате?

9. Дали членовите на вашето семејство или пријателите некогаш ви искоментирале или забележале (за ваше добро) во врска со вашите навики на вежбање?

На колку прашања одговоривте со „да“?

1-4

Сѐ е ок. Вежбате напорно, но не се форсирате преку сите граници. Сепак, внимавајте да не дојдете до прегорување.

5-7

Се пали црвеното светло. Можеби е време малку да забавите и да ги проретчите тренинзите. Дајте му на телото време да се одмори од едно до друго вежбање. Обидете се да го промените видот на вежбите. Пробајте јога или вежби за дишење наместо „пумпање“.

Држете се до овие правила:

Вежбајте најмногу три пати неделно, така што ќе му дадете на телото време да се одмори меѓу тренинзи.

Вежбите со јак интензитет заменете ги со побавно темпо и за промена комбинирајте кардио вежби, малку истегнување и вежби во кои ќе ја користите тежината на телото.

На пример, ако правите „чучњеви“, не ги правете премногу длабоки и серијата нека биде до 20 повторувања.

Целта треба да ви биде да го покачите пулсот без да паднете во несвест од напор.

Дишете. Секој ден одвојте по пет минути наутро и пред спиење за вежби за дишење. Секој циклус од 30 вдишувања и издишувања нека трае по пет минути.

Тагови
реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Фит

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Дали е безбедно да се обидувате да слабеете за време на бременоста?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more
 

Магазин

Карактерот, средината и моќта на вистинските тимови

Читај повеќе
  • filter

Како модерниот дизајн ја избриша топлината од работите што нè опкружуваат?

Читај повеќе

Навики што родителите треба да ги воведат во утринската рутина на децата

Читај повеќе

Која разлика во годините на партнерите е најдобра за преживување тешкотии во бракот?

Читај повеќе

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Читај повеќе

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Читај повеќе

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Читај повеќе
  • filter

Нови снимки: Северна Кореја каква што никогаш порано не сме ја виделе

Читај повеќе

Придружни симптоми на отечени стапала што не треба да се игнорираат

Читај повеќе