Една популарна храна за појадок ги саботира вашите напори за слабеење

Ф.З.
/ 07.10.2025 / 16:34

Во денешно време многу луѓе купуваат храна што е означена со термини како „нискокалорична“, „здрава“ и „без додаден шеќер“, верувајќи дека прават паметни избори, но за жал, тоа не е секогаш случај.

Според експертите од Optimal You, водечка британска клиника за слабеење, многу од овие навидум здрави опции не се толку корисни како што изгледаат, а некои би можеле да направат повеќе штета отколку корист.

„Овие намирници често доаѓаат со 'идејата' дека се здрави, но паметниот маркетинг може да го маскира фактот дека се полни со додадени шеќери, рафинирани масла и празни калории. Крајниот резултат може да биде забавување на губењето на тежината или дури и предизвикување ненамерно зголемување на телесната тежина, сè додека се прашувате што тргнало наопаку“, наведувата од Optimal You.

Еден чест виновник е гранолата. Долго време сметана за хранлива храна за појадок, гранолата често е богата со шеќер и масти. Една порција купена гранола може да содржи повеќе од 400 калории, со нивоа на шеќер споредливи со оние на чоколадото.

„Гранолата звучи здраво, овес, јаткасти плодови, влакна, но кога е полна со мед, сирупи и масла за да се подобри вкусот и да се продолжи рокот на траење, станува повеќе десерт отколку појадок“, истакнуваат од Optimal You.

Истото важи и за производи како ароматизиран јогурт, протеински плочки, па дури и некои овошни сокови, кои често се продаваат како здрави алтернативи, но можат да обезбедат доза шеќер и калории што не му се потребни на вашето тело.

Наместо тоа, експертите советуваат да изберете цела, минимално преработена храна. Заменете ја гранолата со обична овесна каша прелиена со свежо овошје и неколку јаткасти плодови. Изберете грчки јогурт без додаден шеќер и пијте вода или билен чај наместо сок.

За навистина да ги поддржите вашите цели за здравје и тежина, игнорирајте го маркетингот и прочитајте ги етикетите. Вашето тело ќе ви се заблагодари што го храните со вистинска, хранлива храна и ќе почнете да гледате резултати побрзо и без фрустрација.

реклама

Фит

Кога протеините може да предизвикаат подуеност?

Read more

Како да слабеете без да се откажете од лебот?

Read more

Дали сте навистина гладни или само стрвни?

Read more

Лимфно пешачење: Фитнес тренд или навистина е подобро од обичната прошетка?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Шпагети ала путанеска - готови за помалку од половина час

Читај повеќе

Може ли какаото да ви го подобри расположението? 

Читај повеќе

Каде ќе пливате во најчисто море во Европа?

Читај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога прескокнувате оброк?

Читај повеќе

Кои знаци од кинескиот хороскоп ги очекува животен џекпот од 19 август?

Читај повеќе

Французин копал дупка за базен и нашол злато вредно 800.000 евра

Читај повеќе

Колку кафиња дневно прават штета на бубрезите?

Читај повеќе

Кога протеините може да предизвикаат подуеност?

Читај повеќе

Трик за сечкање лук: Додадете малку од една состојка и сечкањето ќе биде многу полесно

Читај повеќе