Не е само храната: Што може да ве спречи да изгубите тежина?

Ф.З.
/ 24.04.2025 / 15:43

Наместо да ги намалите јаглехидратите или да ги исфрлите слатките, клучот за успешна диета може да биде во намалувањето на внесот на калории.

Имено, докторот Френклин Џозеф кажа што ги советува пациентите кои сакаат да ослабат.

„Ако сте сериозни за слабеење, првото нешто што треба да го намалите се течните калории. Тоа значи газирани пијалаци, овошни сокови, кафе со млеко, дури и оние т.н. здрави смутија. Преполни се со шеќер и калории, а не ве заситуваат“, вели тој.

Д-р Џозеф објасни дека многу луѓе не сфаќаат колку калории има во нивните омилени пијалаци, што значи дека едноставните замени може да ви помогнат да намалите стотици калории дневно.

„Можете да пиете карамел лате, чаша сок од портокал и смути едно утро и да соберете 600 калории дури и пред да ручате, а сепак ќе се чувствувате гладни бидејќи вашето тело не регистрира течни калории на ист начин како што прави храната“, објаснува тој.

Чајот и кафето се пониски во калории, но пиењето повеќе шолји млеко во текот на денот може да додаде калории.

„Два шеќерчиња и обилно додавање млеко во секоја чаша можеби не звучат како многу, но калориите брзо се собираат. Префрлувањето на црно кафе или билен чај е лесна победа ако се обидувате да ги намалите калориите без да размислувате премногу“, советува докторот.

Повременото уживање е добро, но д-р Џозеф препорачува да се заменат некои висококалорични пијалаци за вода, црно кафе или билен чај. Тој, исто така, предупреди да не се пијат премногу наводно здрави пијалаци како смути, протеински шејкови и кокосова вода, бидејќи изгледаат здраво, но често се полни со шеќер и многу калорични.

Тагови
реклама

Фит

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Read more

Како спиењето во ладна соба може да ви помогне да ослабете?

Read more

Здрава навика или бескорисен тренд: Дали треба да станувате во 5 часот наутро?

Read more

Колку треба да спиете за да ви се опорават мускулите после вежбање?

Read more
 

Магазин

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Читај повеќе

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Читај повеќе

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Читај повеќе

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Храна што предизвикува проблеми со варењето

Читај повеќе

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Читај повеќе

Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото

Читај повеќе