Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Ф.З.
/ 14.05.2025 / 13:25

Истражувачите за исхрана од Универзитетот во Сари покажаа во нова студија дека ако сакате да ослабете, можете да ја изберете „полесната“ опција за ограничување на внесот на јаглехидрати наместо повремен пост.

Повремениот пост стана вообичаен метод за оние кои сакаат да ослабат и да го подобрат своето здравје, но иако прескокнувањето оброци или намалувањето на калориите неколку дена во неделата може да биде ефикасно, не е за секого.

Гладот, заморот и тешкотиите при придржување кон планот го прават повремениот пост тешко долгорочно решение. За среќа, новото истражување сугерира дека може да постои поедноставна, поодржлива алтернатива на повремениот пост - и таа не бара гладување.

Неодамнешна студија предводена од истражувачи за исхрана на Универзитетот во Сари истражуваше дали намалувањето на внесот на јаглехидрати - наместо вкупните калории - може да понуди слични метаболички придобивки како и повремениот пост. Тимот работеше со група учесници и тестираше два нутриционистички пристапи.

Еден ден, учесниците јаделе многу нискокалорична храна, имитирајќи типичен „ден на постење“ во планот за интермитентен пост 5:2. Вториот ден консумирале редовна количина калории, но значително го намалиле внесот на јаглехидрати. Резултатите биле изненадувачки бидејќи и денот со низок внес на јаглехидрати и денот со ограничен внес на калории довеле до речиси идентични подобрувања во метаболичкото здравје.

По секоја интервенција во исхраната, учесниците подобро реагирале на оброк богат со масти и шеќер следниот ден. Ова значи дека нивните тела биле поефикасни во согорувањето на мастите и ракувањето со хранливите материи откако го следеле овој нов алтернативен модел базиран на повремен пост.

Зошто се случува ова? Истражувачите велат дека сè се сведува на тоа како телото ја менува својата потрошувачка на енергија. Обично се потпираме на јаглехидратите за гориво по јадење. Сепак, за време на постот или периодите со низок внес на јаглехидрати, телото за енергија ги користи резервите на масти. Оваа промена - наречена метаболичка флексибилност - е главната причина зошто се смета дека повременото постење го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Нова студија покажува дека само со ограничување на јаглехидратите може да се постигне истиот резултат. И тој пристап би можел да биде пресвртница за луѓето на кои постењето им е премногу тешко. Строгото ограничување на калориите може да доведе до недостаток на хранливи материи, нарушувања во исхраната или прегорување. Од друга страна, диетата со низок внес на јаглехидрати е тешка за одржување и може да доведе до нездрав страв од јаглехидрати.

Затоа истражувачите сега тестираат нов модел базиран на повремено постење. Овој план „низок внес на јаглехидрати 5:2“, каде што го намалувате внесот на јаглехидрати само два дена во неделата, би можел да биде клучот за соодветна алтернатива на повремениот пост. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се докаже колку е ефикасен.

Тагови
реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Како да знаете дека автомобилот ви е обележан за кражба во Грција?

Read more

Како изгледаа трибините на натпреварот помеѓу Челси и Лос Анџелес?

Read more

Фит

Најдобри протеини за зајакнување на имунитетот и здраво слабеење по 40-тата година

Read more

10 причини зошто пешачењето не ви покажува резултати

Read more

Научниците откриваат навика која може да ја врати биолошката возраст назад за 12 години

Read more

Микро тренинзи: Три брзи вежби кои го јакнат телото за неколку минути

Read more
 

Магазин

Она кога Американците ќе ја откријат Југославија

Читај повеќе

Вежба од 20 секунди е спас за очите ако цел ден гледате во екран

Читај повеќе

Најдобриот појадок за здрави црева

Читај повеќе

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Читај повеќе

Најдобри протеини за зајакнување на имунитетот и здраво слабеење по 40-тата година

Читај повеќе

Дали имате финансиска траума?

Читај повеќе

Голем неделен финансиски хороскоп од 16 до 22 јуни

Читај повеќе

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Читај повеќе

Како да препознаете вистински домашен мед?

Читај повеќе