Што е кинеско пешачење кое го затегнува стомакот и го забрзува варењето?

А.С.
/ 28.06.2025 / 11:57

Подигнете ги рацете и пешачете – кинеското пешачење го затегнува стомакот, го забрзува варењето и согорува масти.

Веќе е познато дека кардио-вежбите се број еден за слабеење и буквално ги согоруваат мастите, но има и многу кинески вежби кои топат масти, а речиси и да не се движите – таква е популарната кинеска гимнастика наречена „топење масти“, која се базира на лесни движења што даваат неверојатни резултати.

Такво е и ова кинеско пешачење, каде што дури не мора ни да ги кревате нозете од подот, а за време на вежбата чувствувате како мастите се согоруваат, отоците исчезнуваат, а варењето се подобрува.

За време на изведувањето на вежбата, пулсот активно се зголемува, влегувате во зоната на согорување масти и активно го затегнувате стомакот преку согорување на висцералните масти.

Вежбата активно помага во подобрување на варењето, бидејќи ги креваме рацете нагоре. Исто така, работите на држењето на телото, што ќе го затегне деколтето, вратот и овалот на лицето. Притоа, кревање на рацете нагоре ќе го подобри и изгледот на вашите раце.

Голем плус на оваа практика е што, поради активната работа на мускулите, се забрзува движењето на лимфата, се отстранува вишокот вода и се намалува отокот, што исто така ја затегнува фигурата.

Како да ја изведете вежбата:

Застанете исправено.

Рацете испружете ги нагоре.

Стапалата треба да ви бидат приближно во ширина на рамената.

Почнете да одите: левото стапало го кревате на прстите, кревајќи ја петата од подот, но не го кревајте целото стапало.

Потоа брзо спуштете ја левата нога целосно и подигнете ја десната нога.

Така брзо одете додека стоите во место, наизменично кревајќи ги стапалата на прсти околу 1 минута.

Постепено зголемувајте го времето поминато во вежбата на 15-20 минути.

Вежбата се изведува со прилично брзо темпо.

Некои наизменично го користат ова пешачење со обично пешачење, бидејќи е тешко да се држат рацете подигнати 20 минути.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Фит

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Read more

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Read more

Што треба да јадат жените по 50-тата година за побрз метаболизам?

Read more

Што треба да се јаде пред тренинг за совршени резултати?

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Читај повеќе

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Читај повеќе

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Читај повеќе

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Читај повеќе

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Читај повеќе

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе