Ден Браун најави нова книга од серијалот со Роберт Ленгдон

Симбиологот од „Харвард“ кого го засакавме во „Кодот на Да Винчи“ повторно ќе се појави но нашите раце кога ќе излезе новата книга во септември.

Писателот Ден Браун објави дека на 9 септември годинава ќе излезе во продажба неговата најнова книга со наслов „The Secret of Secrets“ (Тајната на тајните).

Нормално, трилер приказната ќе биде околу симбиологот од „Харвард“ Роберт Ленгдон, кој прв пат се појави во бестселерот „Ангели и Демони“.

Браун во гостување на „Good Morning America“ рече дека „'Тајната на тајните' е најинтригантно заплеткана приказна што некогаш ја напишал“ и дека поради тоа смета „дека е најзабавна“. Затао и му требало толку многу време да ја напише.

Ленгдон овој пат патува во Прага за да присуствува на револуционерното предавање на Кетрин Соломон — истакната ноетичка научничка со која неодамна започнал врска. Кетрин е на работ да објави експлозивна книга која содржи зачудувачки откритија за природата на човековата свест и се заканува да го наруши вековното воспоставено верување. Но, бруталното убиство го катапултира патувањето во хаос, а Кетрин одеднаш исчезнува заедно со нејзиниот ракопис. Ленгдон се наоѓа себеси на мета на моќна организација и го лови застрашувачки напаѓач кој потекнува од најдревната митологија на Прага. Како што заплетот се проширува во Лондон и Њујорк, Ленгдон очајно ја бара Кетрин... и за одговори. Во возбудлива трка низ двојните светови на футуристичката наука и мистичното учење, тој открива шокантна вистина за таен проект кој засекогаш ќе го промени начинот на кој размислуваме за човечкиот ум.

„Тајната на тајните“ е шеста книга во серијалот со проф. Ленгдон и излегува 26 години по првата книга „Ангели и Демони“ од 2000 година. Следуваше „Кодот на Да Винчи“ во 2003, па „Загубениот симбол“ во 2009, „Инферно“ во 2014 и „Потекло“ во 2017.

реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Книги

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Read more

Ден Браун објави нов роман и откри: Повеќе не се плашам од смртта

Read more

Објавена „Македонистичко послание“ – нова книга од Кристина Николовска

Read more

Ден Браун најави нова книга од серијалот со Роберт Ленгдон

Read more

Магазин

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе

Чорба вендинг машина

Читај повеќе

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Читај повеќе

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Читај повеќе
  • play_arrow

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Читај повеќе

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Читај повеќе

Шахтите ги избрусија, уште знамето остана да им пречи

Читај повеќе

Храна и пијалаци што не треба да се консумираат ако земате магнезиум

Читај повеќе