Дали е добра идеја да му дадете втора шанса на бившиот?

Размислувате да ја обновите врската со поранешен дечко? Во многу ретки ситуации тоа е добра идеја, најчесто бидејќи сигурно сте имале добра причина да раскинете.

Но, сепак има неколку ситуации кога можеби инстинктот не ве лаже, особено ако со дечкото сте се разделиле, а не сте раскинале поради некоја непремостлива разлика. Како и да е, ова се петте ситуации што укажуваат дека можеби е добра идеја да се смирите со бившиот:

Мислите на него во важни моменти

Ако помислувате на него во моменти што ви се навистина важни, тоа значи дека ви недостига и сакате со него да ги споделите тие значајни настани и мигови. Преиспитајте се дали бил тука за вас во минатото во такви неповторливи мигови и како сте се чувствувале тогаш.

Се обидувате да го направите љубоморен

Ако смислувате начини да го направите бившиот љубоморен, тоа значи дека уште ви е важно што мисли за вас. Ако го имате преболено, тогаш нема да се грижите за неговото мислење. Убаво размислете дали ви е потребен тој или само сакате да бидете „победникот“ во играта „кому му е подобро по раскинувањето“.

Ги споредувате другите мажи со него

Ако сите потенцијални партнери ги споредувате со него (а не со другите бивши) и никој не може ни „да му се доближи“, јасно е дека уште имате длабоки чувства за него. Можеби е време да престанете да му барате замена и или да се смирите со него или едноставно да бидете сами некое време.

Ви недостигаат ситниците

Нормално е по раскинувањето да ви недостига генералното чувство дека сте во двојка, големите моменти и спомени што ги имате со таа линост. Но, ако ви недостигаат ситници, како израз на лицето, фраза што често ја користел, песна што му била омилена... тоа се знаци дека ви недостига личноста, а не врската, а тоа значи дека ако и тој се чувствува така, може да си дадете втора шанса.

реклама

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Read more

7 декември 1941, Јапонија го извршила злогласниот напад на Перл Харбор

Read more

Љубов и секс

Шест знаци откриваат дека сте ја пронашле вашата сродна душа

Read more

Дали треба да ѝ дадете шанса на старата љубов?

Read more

Зошто паузата од секс може да биде добредојдена за жените?

Read more

5 лоши навики со кои си го уништувате сексуалниот живот

Read more
 

Магазин

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Читај повеќе

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Читај повеќе