Дали го игнорирате партнерот на сметка на смартфонот?

Во секојдневната интеракција со луѓето кои ни се важни, често  мислиме дека постојаното прекинување со проверување на мобилниот телефон не е толку важна работа. Меѓутоа истражувањата покажуваат нешто друго.

Колку почесто телефонот го попречува заедничкото време, толку понезадоволни се луѓето од односот со другите.

Истражувачите од Универзитетот Бејлор во Тексас открија дека сѐ почеста е појавата на „игнорирање“ на партнерот на сметка на чепкање во телефонот и дека процентот на луѓе кои ги запоставиле нивните партнери на сметка на технологијата изнесува дури 46 %.

Тие објаснуваат дека ова се случува бидејќи луѓето се толку приврзани на мобилните што просечниот човек го проверува смартфонот 150 пати дневно, односно на секои 5-6 минути. Затоа не е чудно што тоа го правиме несвесно додека разговараме со некого.

Сепак, фактот дека оваа навика станува речиси инстинктивно однесување, воопшто не е за оправдување.

Проверувањето на телефонот додека зборувате со некого, особено со партнерот, е знак дека не сте доволно заинтересирани за она што има да ви го каже таа личност.

За да се отарасите од оваа зависност се препорачува да го оставите телефонот во друга просторија кога сте со партнерот и да се потрудите да не посегнувате по смартфонот секогаш кога ќе слушнете дека имате нова нотификација.

Навечер пред спиење исклучете го интернетот на телефонот и посветете се на партнерот и на цврстиот сон.

реклама

Љубов и секс

Како работата може да предизвика еректилна дисфункција?

Read more

Што ви се случува во телото ако имате секс секое утро во текот на 30 дена?

Read more

Како природно да го подобрите сексуалниот нагон?

Read more

Венера денеска влегува во Скорпија: Ја потпалува љубомората, ги враќа бившите

Read more

Магазин

Како да се одржат резултатите од губењето тежина на долг рок

Читај повеќе

Дали треба да вежбате кога имате воспаление на мускулите?

Читај повеќе

Алерголог советува што почесто треба да менувате во спалната соба

Читај повеќе

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Читај повеќе

Од аеродром до центар за само 15 минути: Најдобрите градови за кратко есенско патување

Читај повеќе

Како Италијанците почнале да пијат кафе секој ден: Од еспресо до ритуал што трае над 100 години

Читај повеќе
  • filter

Дали балканските лидери се сликале со картонски Доналд Трамп во Њујорк?

Читај повеќе

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Читај повеќе