Дали уште има љубов во вашата врска?

Без разлика дали сте во неколкугодишна или кратка љубовна врска, од клучна важност е меѓу вас и партнерот да не престанат да горат емоциите.

Проверете дали уште има љубов меѓу вас или врската станала навика и обврска меѓу двајца добри пријатели. Ова се клучните знаци дека емоциите уште се силни во врската и она што го имате е љубов, а не навика.

Водите долги разговори

Комуникацијата е клучна за секоја врска. Дали разговарате за работата, за семејството или за емоциите, сеедно, важно е да комуницирате. Искреното искажување на своите мисли, чувства, стравови и надежи и сослушувањето на партнерот ќе ве направи поблиски и ќе чувствувате поголема интимност во врската.

Несогласувањата ги решавате заедно

Проблемите, мали и големи, се дел од секоја врска. Меѓутоа, наместо да бегаат од проблемите и да ги избегнуваат соочувањата, двојките кои се во цврста врска ќе се обидат со заеднички сили и за заедничко добро да ги надминат, без да си префрлаат вина и да „прогласуваат“ победник во расправијата. Кога се расправаат, се борат да останат заедно, а не да бидат во право.

Секој има право на мислење и став

Разликите во мислења се она што нѐ прави единствени, самостојни, свои. Не мора и не може да се согласувате со сите мислења и ставови на партнерот, ниту тој со вашите. Доволно е да го уважите мислењето, а ако ве засега вас или врската, да најдете средина или да направите компромис, без да биде поткопана личноста и индивидуалноста на едниот, односно на другиот.

Почитта како темел на секоја врска

Го почитувате партнерот и тој вас. Си оставате простор за личен развој и разонода бидејќи си верувате дека тоа ќе ве направи подобри личности и подобри партнери.

Во добро и зло

Секоја врска има подеми и падови. Ако во најтешките моменти сте биле тука еден за друг, а радосната вест сакате прво да ја споделите еден со друг, тоа значи дека љубовта меѓу вас е силна и способни сте да ја ставите саканата личност пред себе кога е тоа потребно.

реклама

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Бабин рецепт за најсочни пилешки шницли: Крцкави однадвор и меки како путер однатре

Read more

Запознајте ја планетата TOI-1452 b - бесконечен океански свет

Read more

Љубов и секс

Кои се најчестите стравови што ги имаат мажите во врските?

Read more

Дали е добра идеја да му дадете втора шанса на бившиот?

Read more

На што треба да внимавате ако влегувате во врска со разведен маж?

Read more

Зошто по неколку години во брак партнерите се однесуваат како цимери?

Read more
 

Магазин

Популарен суплемент покажува загрижувачка врска со срцева слабост

Читај повеќе

Што да пиете наутро за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот?

Читај повеќе

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Читај повеќе

Како Нови Сад го добил името?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопје има големо срце: Над 200.000 денари собрани на третата Добротворна модна аукција

Читај повеќе

Бабин рецепт за најсочни пилешки шницли: Крцкави однадвор и меки како путер однатре

Читај повеќе

Дали „прегорувате“ во теретана?

Читај повеќе