Два знака на почетокот на врската што не треба да ги игнорирате

Во првите фази на врската лесно е да се превидат знаци на нерамнотежа на моќта, особено кога се маскирани како претерано внимание или ситни критики.

Понекогаш новата личност во животот може да нè опсипува со комплименти и да ни зборува дека сме „совршенство“, а понекогаш речиси постојано да нè критикува, од облеката до пријателите.

Овие обрасци на прв поглед може да изгледаат како знаци на приврзаност или искреност, но всушност може да кријат подлабоки проблеми кои со текот на времето ќе ја нарушат емоционалната сигурност.

1. Замката на идеализирање на партнерот

„На почетокот може да биде ласкаво кога некој ве идеализира – ја пофалува вашата интелигенција, добрина или храброст. Таквата потврда често ја зајакнува привлечноста во раната фаза на врската. Но кога идеализацијата станува претерана, врската може да стане нездрава. Лицето кое се идеализира може да почувствува притисок да го задржи совршениот имиџ, што води до стрес, прикривање на мани и губење на автентичноста. Вистинските односи бараат прифаќање на несовршеностите, а кога тоа недостасува, незадоволството неизбежно расте“, објаснува психологот Марк Траверс за Psychology Today.

Идеализацијата често произлегува од проекции – лицето не нè гледа нас, туку слика која си ја создало. А кога таа слика ќе се распадне, следи остар пад: од восхит до разочарување.

„Претераните комплименти може да бидат и манипулативна тактика со која се забрзува емоционалната блискост. Во таква динамика лесно се губите – станувате актер во туѓ филм, не чувствувајќи се повеќе слободно да ги изразите сопствените потреби или несовршености. Ако пофалбите ви звучат генерички, ако партнерот не ве гледа како личност која смее да згреши – време е за искрен разговор и поставување граници“, наведува психологот.

2. Замката на критикување на партнерот

Од друга страна, постојат луѓе кои нè критикуваат речиси постојано – ништо не им е доволно добро. Тоа не е исто што и искрен совет или повремено несогласување; станува збор за образец во кој постојано се истакнуваат нашите мани, со навреди и саркастични забелешки.

„Таквите реченици не се насочени кон конкретни однесувања, туку кон вашата личност – на пример, ‘Ти никогаш не знаеш како да се однесуваш’ или ‘Со тебе не може нормално да се разговара’. Таквата динамика со текот на времето го нарушува самодовербата и создава чувство дека постојано правите нешто погрешно“, истакнува Траверс.

Можеби со текот на времето ќе почнеме да внимаваме на секој збор, од страв од нова критика. Тоа не само што ја уништува спонтаноста, туку може да доведе и до емоционална исцрпеност.

„Некои луѓе со критика ги прикриваат сопствените несигурности или го користат тој образец како начин на контрола – ако успеат да ве држат несигурни, полесно управуваат со вашите емоции и однесување“, додава психологот.

Затоа е важно да се препознае кога критиката ја преминува границата и да се застане за себе. Искрен разговор и јасно поставување граници се првиот чекор кон заштита на сопственото достоинство и емоционалната рамнотежа.

„Заслужувате да бидете во врска во која повратните информации ви помагаат да растете, а не во онаа во која имате чувство дека партнерот постојано ве поткопува. Ограничете ја вашата емоционална изложеност на нивната негативност, а ако е потребно, создадете дистанца за повторно да се пронајдете себеси“, заклучува Траверс.

реклама

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Љубов и секс

Љубовен пресврт на 6 мај за три хороскопски знаци

Read more

Шест знаци дека време е за крај на врската

Read more

Докторка објаснува што се случува во телото кога немате секс подолго време

Read more

Секс на отворено или со врзани очи? Ова се најчестите сексуални фантазии

Read more
 

Магазин

Секојдневното јадење 170 гр мешунки го намалува ризикот од висок крвен притисок

Читај повеќе

Зошто некои мачки не сакаат да ја користат кутијата со песок?

Читај повеќе

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Читај повеќе

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Читај повеќе

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Читај повеќе

Зошто е добро да сте „мамин син“ или „татина ќерка“?

Читај повеќе

Колку кафе е премногу кафе?

Читај повеќе

Кој орган во телото старее најбрзо и како да го забавите процесот?

Читај повеќе