Како работата може да предизвика еректилна дисфункција?

Студија спроведена врз 826 мажи на возраст од 22 до 40 години покажа дека високите нивоа на психолошки стрес поврзан со работата се поврзани со зголемен ризик од еректилна дисфункција, особено кај оние што работат долги часови и се соочуваат со голем притисок.

Еректилната дисфункција погодува милиони мажи; иако претходно се поврзуваше главно со постарата возраст, таа сè почесто се јавува и кај помладите мажи. Лекарите истакнуваат дека значителен број случаи во оваа демографска група се поврзани со стрес и анксиозност, а не само со други здравствени проблеми, пренесува New York Post.

Д-р Леон Телис, уролог и директор на Програмата за здравје на мажите во болницата Mount Sinai, претходно изјави дека еректилната дисфункција кај помладите мажи често е психосоматска состојба предизвикана од стрес и анксиозност. Поради тоа, истражувачите испитуваа дали стресот на работното место може да биде поврзан со сексуална дисфункција.

Студијата, објавена во списанието International Journal of Clinical Practice, опфати 826 мажи вработени со полно работно време. Нивоата на стрес беа оценети врз основа на пет фактори: број на работни часови неделно, автономија при донесување одлуки, поддршка од претпоставените, односи со колегите и притисок поврзан со унапредување.

Мажите со највисоко ниво на стрес имале 10 пати поголема веројатност да пријават проблеми со ерекцијата во споредба со групата со најниско ниво на стрес, а зачестеноста на еректилната дисфункција во групата со најголем стрес надминала 54 проценти.

Во текот на неколку недели, истражувачите ги следеле и нивоата на кортизол – хормонот на стрес – и на тестостерон. Во текот на првите две до четири недели, покаченото ниво на кортизол претходело на падот на нивото на тестостерон, по што следела појава на еректилна дисфункција помеѓу четвртата и шестата недела. Долгите работни часови и притисокот за унапредување имале најголемо влијание врз нивоата на кортизол, при што мажите од групата со највисок стрес често работеле во просек по 65 часа неделно.

Авторите наведуваат дека овие наоди би можелo да помогнат во идентификувањето на мажите изложени на ризик од психолошки предизвикана еректилна дисфункција во порана фаза, преку комбинација од проценка на стресот и хормонални испитувања.

реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Љубов и секс

Знаци дека сте во брак со токсична личност

Read more

OnlyFans ѕвезда споделува зошто младите од Ген Z немаат доволно секс

Read more

Иста плејлиста, подобра врска

Read more

Хороскопски двојки кои постојано се враќаат заедно, дури и кога не треба

Read more

Магазин

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Читај повеќе

Што (НЕ) треба да правите за време на ретрограден Меркур?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Читај повеќе

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Читај повеќе

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Читај повеќе

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ќе почувствуваат големо финансиско олеснување од 6 ноември

Читај повеќе
  • play_arrow

Клучна навика што жените треба да ја усвојат за помал ризик од деменција

Читај повеќе

Шест грешки што почетниците ги прават во теретана и како да се избегнат

Читај повеќе