Нивното однесување доведува до недоразбирања и конфликти

Кои се најчестите карактеристики на емоционално незрелите партнери?

Емоционалната зрелост обично не е поврзана со возраста, туку со начинот на кој човекот се справува со своите чувства и врски, а емоционално незрелите партнери откриваат многу негативни особини преку своето однесување.

Во романтичните врски, емоционално незрело однесување може да доведе до недоразбирања, конфликти и нарушена интимност. Експертите тврдат дека одредени навики често укажуваат на недостаток на емоционална зрелост, дури и кога се кријат зад „нормалните реакции“.

Една од заедничките особини на емоционално незрелиот партнер е избегнување одговорност за своите постапки. Имено, наместо да преземат одговорност за своите зборови или однесување, емоционално незрелите партнери често ја префрлаат вината на други луѓе, најчесто на нивниот партнер.

Наместо „згрешив“, почесто велат „ти ме натера да го направам тоа“ или „да не реагираше така, немаше да има проблем“. Експертите објаснија дека ваквото однесување спречува конструктивна комуникација и создава маѓепсан круг на обвинувања.

Исто така, малите несогласувања кои би можеле да се решат по мирен пат, најчесто преминуваат во емотивни испади, повлекување или игнорирање на партнерот. Ваквата драматизација често доаѓа од несигурноста и потребата да се сврти вниманието кон себе, наместо зрело и смирено да се реши проблемот. Ова однесување е форма на емоционална манипулација.

Освен тоа, наместо јасно да изразат што сакаат или што им пречи, емотивно незрелите партнери знаат да „играат игри“ на тој начин што очекуваат партнерот да „погоди“ што не е во ред или да испрати двосмислени пораки кои го тестираат вниманието и лојалноста на партнерот. Овој начин на комуникација често создава несигурност и емоционална исцрпеност во врската.

Иако е нормално да се стремите кон чувството дека сте сакани, емоционално незрелите луѓе често бараат постојано внимание и потврдување на љубовта, дури и на сметка на туѓите граници. Ако го добијат она што го сакаат, овие луѓе може да се повлечат, да се навредат или да предизвикаат конфликт. Експертите тврдат дека зад ова однесување често се крие недостаток на самодоверба и страв од напуштање.

Секој обид за искрен разговор или добронамерна сугестија често се доживува како личен напад. Наместо да слушаат и да размислуваат, емоционално незрелите партнери често реагираат дефанзивно, со лутина и повредено. Овој став го отежнува растот и развојот на односите бидејќи спречува здрава размена на идеи и заедничко учење.

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Ало Скопје, критично е!

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Рускиот нафтен гигант на Путин го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали

Read more

Љубов и секс

Колку време треба да помине за да го преболите бившиот?

Read more

Терапевтка за парови открива што е важно за да имате здрав брак

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Пет знаци дека сте во врска со емоционално незрел партнер

Read more
 

Магазин

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Читај повеќе

Мотивацијата за вежбање најмногу опаѓа на одредена возраст

Читај повеќе

Што значи кога кучињата ги испружуваат шепите кон сопствениците?

Читај повеќе

Разбивање митови: Паста за заби на мозолчиња - да или не?

Читај повеќе

Колку време треба да помине за да го преболите бившиот?

Читај повеќе

Како правилно да нанесете парфем за да трае подолго?

Читај повеќе

Пролетна салата со макарони, варени јајца и ротквици

Читај повеќе

Зошто мажите загадуваат повеќе од жените?

Читај повеќе

Кој алкохол е најмногу штетен за срцето?

Читај повеќе