Кои се симптомите на алергија на секс?

Да, можно е да се биде алергичен на секс, а вистинската причина за оваа алергија е спермата. Меѓународното здружение за сексуална медицина ја дефинира алергијата на секс како состојба која е почеста кај хетеросексуалните жени и може погрешно да се дијагностицира како вагинитис, габична инфекција или сексуално пренослива болест. Техничкото име е преосетливост на плазмата на спермата и всушност е реакција на плазма протеините.

Идентификувајте ги седумте сигнали за алергија на секс:

Пецкање

Алергијата на секс може да се манифестира веднаш штом партнерот ќе ејакулира, а жената ќе почувствува пецкање, црвенило и оток или дури и плускавци, објаснува гинекологот Шери Рос.

Чешање

Ќе забележите и чешање и веројатно ќе помислите на габична инфекција, но доколку нема придружен симптом во вид на секрет, а чешањето не се јавува постојано, туку само после сексуален однос, можно е да сте алергични.

Се случува само со еден партнер

Алергијата на секс е алергија на протеини во плазмата на спермата на одреден партнер, па ако имате непријатни симптоми само со новиот (актуелниот) партнер, тоа може да биде знак дека сте алергични.

Симптомите се јавуваат само при незаштитен однос

Иако има алергија и на латекс и на кондоми, овие проблеми ќе се појават само кога не користите заштита бидејќи „проблематичната“ плазма доаѓа во контакт со слузокожата на вагината.

Имате осип

Алергијата понекогаш не останува локализирана во интимната регија, туку може да се прошири до осип на целата кожа.

Тешко дишете

Не како „останување без здив“ по енергичен сексуален однос, туку „нешто дефинитивно не е во ред“. Иако никогаш не е пријавена фатална реакција на оваа алергија, посетете лекар доколку имате проблеми со дишењето кои ве загрижуваат.

Проблем е и оралниот секс

Болка, оток, чешање, црвенило и појава на плускавци во устата по орален секс се огромни предупредувачки знаци. Пријавете го овој проблем кај вашиот лекар или гинеколог, особено ако се обидувате да останете бремени.

реклама

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Израел oбјави мапа како доказ дека Турција окупира поголема територија од нив

Read more

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Read more

Љубов и секс

Секс соништа: Зошто ги сонуваме и што значат?

Read more

Три клучни моменти кога паровите најчесто раскинуваат

Read more

Зошто не излегувате од врска во која не сте среќни?

Read more

Кои се симптомите на алергија на секс?

Read more

Магазин

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Читај повеќе

Што треба да имате на ум ако прв пат одите во теретана или се враќате по долга пауза?

Читај повеќе

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Читај повеќе

Зошто не смеете да седнете каде било и во полупразен авион?

Читај повеќе

Секс соништа: Зошто ги сонуваме и што значат?

Читај повеќе

Каде боли кога имате воспаление на слепо црево?

Читај повеќе

За што може да ве казнат и до 36.000 евра на плажите низ Европа?

Читај повеќе

Марс во Рак ги исполнува желбите на три хороскопски знаци 

Читај повеќе

Дали треба да ги држите прозорците отворени или затворени за време на топлотен бран?

Читај повеќе