Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Флертувањето е дел од секојдневната комуникација и начин на кој луѓето покажуваат интерес за друга личност, но тактиките за додворување можат да варираат. Она што една личност го доживува како јасен знак на интерес, друга можеби нема да го протолкува на истиот начин.

Психолозите ги проучувале разликите во начинот на кој мажите и жените флертуваат, а истражувањата фокусирани на привлекувањето потенцијални партнери ги идентификувале некои од најчестите тактики. Д-р Ноам Шпанцер, автор на романот „The Good Psychologist“ (Добриот психолог), пишувал за оваа тема во списанието Psychology Today, потпирајќи се на Теоријата за сексуални стратегии (SST). Според оваа теорија, успехот на одредена тактика може да зависи од полот, како и од тоа дали лицето бара краткорочна или долгорочна врска.

Што се однесува до машкото флертување, често се советува мажот веднаш да не го открива степенот на својот интерес. Сепак, резултатите од истражувањата сугерираат дека токму спротивното однесување всушност може да биде поефективно.

Американските истражувачи Т. Џоел Вејд и Џенифер Слемп спровеле серија од 4 студии во кои ги испитувале различните методи на флертување. Меѓу најефективните тактики за мажите, тие ги издвоиле: држењето за рака, поминувањето време заедно, поканувањето на состанок, насмејувањето на другата личност, бакнувањето, покажувањето интерес и поканувањето на вечера.

Ова укажува на тоа дека жените генерално позитивно реагираат на јасно изразување интерес, вложување труд и однесување што сигнализира желба за посериозна врска.

Кога станува збор за жените, истражувањата откриваат малку поинаков модел. Иако традиционалните сфаќања за флертувањето често им доделуваат на жените попасвна улога, резултатите од овие студии покажуваат дека мажите реагираат позитивно кога жената ќе ја преземе иницијативата.

Од машка перспектива, најефективните тактики за флерт кај жените вклучуваат бакнеж во образ, потпирање на другото лице, приближување и разни форми на физички контакт, како што е допирање на раката. Особено физичкиот контакт се покажа како клучен елемент на женскиот флерт што мажите го сметаат за привлечен.

Истражувачите заклучуваат дека најефективните потези се оние кај жените што сигнализираат сексуална достапност и оние кај мажите што демонстрираат ексклузивност, посветеност и грижа.

„Овие постапки беа оценети како најефективни бидејќи се поврзани со карактеристиките што мажите и жените ги бараат кај своите партнери“, се наведува во студијата.

Сепак, начинот на кој се перципира одредена тактика во голема мера зависи од контекстот и од видот на врската што лицето сака да ја воспостави. На пример, мажот што бара партнерка за долга врска поголема е веројатноста позитивно да реагира на изливи на наклонетост и јасно изразен интерес, отколку на флерт што е од чисто сексуална природа.

Од друга страна, жената што бара неврзана врска може попозитивно да реагира на флерт што вклучува физички контакт. Затоа, овие тактики не можат да се сметаат за универзално правило; нивната ефективност зависи од намерите на лицето што флертува.

Шпанцер го објасни ова во својата статија на следниов начин: „Знаците за сексуална достапност се покажуваат како поефективни кога жените ги користат во контекст на краткорочна врска. Од друга страна, знаците на великодушност што укажуваат на посветеност и вложување во врската се поефективни за мажите во контекст на долгорочна врска.“

Тагови
реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Љубов и секс

Знаци дека сте во брак со токсична личност

Read more

OnlyFans ѕвезда споделува зошто младите од Ген Z немаат доволно секс

Read more

Иста плејлиста, подобра врска

Read more

Хороскопски двојки кои постојано се враќаат заедно, дури и кога не треба

Read more

Магазин

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Читај повеќе

Што (НЕ) треба да правите за време на ретрограден Меркур?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Читај повеќе

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Читај повеќе

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Читај повеќе

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ќе почувствуваат големо финансиско олеснување од 6 ноември

Читај повеќе
  • play_arrow

Клучна навика што жените треба да ја усвојат за помал ризик од деменција

Читај повеќе

Шест грешки што почетниците ги прават во теретана и како да се избегнат

Читај повеќе