Конечно стигна „женската вијагра“: Како функционира?

Повеќе од 30 години откако вијаграта се појави на пазарот и го промени сексуалниот живот на мажите, нова терапија ветува дека ќе им понуди исто решение на жените на кои им е потребна помош во спалната соба.

Соочени со секојдневниот стрес и стареење, многу парови се мачат да најдат време за интимност. Притисокот да се направат тие ретки моменти совршени честопати може да се врати како бумеранг и негативно да влијае на сексуалната возбуда. Додека на мажите од 1989 година им помага малата сина пилула, решението за жените е недостижно со децении.

Научниците од компанијата за биотехнологија за женско здравје Daré Bioscience одлучија да го променат тоа. Нивниот производ, кремот DARE to PLAY, официјално се појави на полиците во неколку американски држави и ветува дека ќе го револуционизира сексуалното искуство за повеќе од 20 милиони жени само во Америка. Производот е дизајниран да го зголеми протокот на крв во вагината и да ја подобри сексуалната возбуда за само 10 до 15 минути.

„Кога вијаграта беше одобрена во 1998 година, таа ја револуционизираше сексуалната медицина кај мажите. Но, за жените, споредливиот напредок во подобрувањето на природните сензации на возбуда стагнираше речиси три децении“, рече Сабрина Мартучи Џонсон, извршен директор на компанијата.

„Веруваме дека DARE to PLAY претставува долгоочекувана корекција, давајќи им на жените можност повторно да се поврзат со своите тела, своето задоволство и својата самодоверба, користејќи наука која конечно ги препознава нивните потреби“, додаде таа.

Д-р Ирвин Голдстин се согласува: „Како што повеќе жени зборуваат за своето сексуално здравје, потребата за решенија поткрепени со истражувања никогаш не била поголема. Посветеноста на Dare кон клиничкиот интегритет и навремениот пристап гарантира дека жените во неволја не мора да чекаат за да имаат корист од оваа иновација“, рече тој.

Како функционира?

Производот користи силденафил, истата активна состојка што се наоѓа во вијаграта, која делува со зголемување на протокот на крв. Се нанесува локално, само неколку минути пред сексуалниот однос. Охрабрувачка вест е дека за време на клиничкото испитување не се пријавени несакани ефекти, но сепак се препорачува да се користи само еднаш дневно.

Моментално е достапен за нарачка однапред во десет американски држави - Конектикат, Флорида, Индијана, Мисури, Њу Хемпшир, Њу Џерси, Орегон, Пенсилванија, Род Ајленд и Јута. Продажбата ќе се прошири во остатокот од САД подоцна овој месец и на почетокот на 2026 година. Доколку производот се покаже како успешен, само прашање на време е кога ќе се појави на полиците во остатокот од светот.

реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Љубов и секс

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Колку долго трае идеалниот секс?

Read more

Дали го игнорирате партнерот на сметка на смартфонот?

Read more

Дали вашата врска има иднина?

Read more
 

Магазин

Симптоми што укажуваат на проблем со неплодност

Читај повеќе

Зошто не е препорачливо да ги ставате чашите наопаку по миење?

Читај повеќе

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Читај повеќе

Зошто срцевите удари се почести во текот на зимските месеци?

Читај повеќе

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Читај повеќе

Кога крцкањето на колената е опасно и треба да одите на лекар?

Читај повеќе

Дали е во ред да пиете кафе кога имате грип?

Читај повеќе

Прогласена најдобрата мачка во светот

Читај повеќе

Дали подгреаните тестенини се поздрави од тазе зготвените?

Читај повеќе