Според психолозите

Осум навики поради кои жените остануваат сами

За некои жени, осаменоста е идеалното сценарио. Но, ако ова сценарио ви прави непријатност, можеби е време да размислите за вашето однесување, бидејќи одредени навики, според психолозите, можат да ве доведат токму до тоа.

Се разбира, живеењето сама со мачка не мора да биде лоша работа. Но, ако чувствувате дека вашите односи со луѓето не одат добро, еве неколку однесувања кои би можеле да бидат причина и совети како да ги промените.

Нечувствителност

Ако луѓето околу вас ви кажуваат дека не сте особено добри или дека се однесувате лошо со нив, можеби треба да слушате што навистина се обидуваат да ви кажат. Да се ​​биде ладен, груб или непристоен не помага во градењето односи, напротив, тоа води кон изолација.

Сѐ брзо ви здосадува

Ако постојано влегувате во нови врски бидејќи ви е здодевно, можно е всушност да бегате од интимност. Потребата за постојана возбуда и промени често крие несигурност и страв од врските. Ако често „исчезнувате“ од врските без објаснување (познато како ghosting), можеби е време да се запрашате: зошто бегам?

Избирате партнери само врз основа на изгледот

Ако сте повеќе заинтересирани за тоа како изгледа некој отколку каков навистина а, лесно може да западнете во циклус на лоши односи што со текот на времето само вашата мачка ќе ги толерира.

Мажите ги гледате како банкомати

Доколку парите ви се главен критериум при изборот на партнер, особено ако ви се важни туѓите пари, би можеле да се најдете на патот кон осаменоста. Луѓето не се финансиски институции. А, врската во која парите се поважни од љубовта и почитта веројатно нема да трае долго.

Играте игри и исчезнувате без објаснување

Ако често ја прекинувате комуникацијата без објаснување и очекувате другата личност подоцна да ви се врати, веројатно ќе бидете разочарани. Ова однесување често произлегува од несигурност, но иако мачката може да го игнорира вашето повлекување, луѓето тоа не го прават.

Не барате вистинска љубов

Ако воопшто не влегувате во врски со цел да пронајдете љубов или не знаете како искрено да ја покажете, голема е веројатноста дека ќе станете позатворени како што одминуваат годините. Некои во врските се однесуваат зависно, други се плашат од интимност. Ако сметате дека ова е случај за вас, разговорот со терапевт може да помогне.

Често изневерувате

Прељубата не мора секогаш да биде резултат на лоша личност, но често е знак на несигурност, тага и страв. Ако не сте задоволни во врската, најискреното нешто што треба да направите е да разговарате за тоа и искрено да кажете дека е готово. Тајноста и лажењето може да донесат краткотрајна возбуда, но на долг рок доведуваат до осаменост.

Опседнати сте со изгледот (ваш или туѓ)

Ако повеќе се грижите за тоа како изгледа вашиот партнер отколку за тоа кој тој навистина е, можеби ќе ви треба емотивно преоценување. Сите ја сакаме физичката привлечност, но долготрајната врска се заснова на карактер, вредности и меѓусебно почитување.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Read more

Љубов и секс

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Read more

Бесплатни апликациии за следење на партнерот

Read more

Неколку квалитети кај мажите се особено привлечни за жените

Read more

Дали претплата на OnlyFans е чин на неверство?

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе