Пет навики што ќе ве зближат со партнерот

Четири од пет двојки сметаат дека социјалните мрежи се виновни за нивното разидување или раскинување, бидејќи поминуваме повеќе време со компјутерите и телефоните отколку со партнерите.

Но, да не ги обвинуваме само интернетот и брзиот начин на живот. Личните, но и заедничките навики како двојка се важни за зајакнување на врската и одржување на блискоста на двајцата партнери.

Усвојувањето на овие навики ќе ви помогне да развиете поголема блискост и да поминувате повеќе време со вашата сакана личност.

Гответе и јадете заедно

Готвењето заедно со партнерот носи многу поволности како учење еднаквост, поделба на обврски и стекнување вештини. На овој начин ќе ги споделите триковите за готвење, ќе научите што сакате и што не сакате и ќе се чувствувате убаво дека сте направиле нешто еден за друг.

Јадењето заедно можеби не е возможно за сите оброци во денот, но зависно од вашите обврски, потрудете се барем еден оброк да го зготвите и да го изедете заедно на маса, без други активности што ќе ви го одземаат вниманието.

Зборувајте за убавите работи што ви се случиле во денот

Еден од чекорите за добар сон и за здрава врска е да одбегнувате ситуации што ви создаваат нервози и анксиозност. Дури и да сте немале најдобар ден, сигурно ви се случило нешто добро, позитивно или продуктивно или барем сте виделе или прочитале нешто добро и корисно.

Споделете го тоа со партнерот. Со најблиските треба да споделуваме и добро и лошо, но потрудете се да споделувате повеќе позитивни вибрации, настани и емоции со партнерот и развивајте длабока врска, со сослушување и емпатија.

Сослушувањето е одличен начин да направите некој да се чувствува подобро и сфатено.

Масажа

Истражувањата покажале дека партнерите кои често се масираат еден со друг се позадоволни. Масажата ја зголемува блискоста и го намалува стресот. Петнаесет минути масажа, најмалку два пати неделно е сосема доволно за да се поврзете со партнерот и да се релаксирате заедно.

Бидете благодарни

Науката вели дека благодарноста не е само чин, туку емоција на ценење во форма на великодушност и добрина. Изразувањето благодарност и за најмалите работи ја засилува меѓучовечката поврзаност.

Пред да си легнете, заблагодарете се на вашиот партнер за вкусниот појадок или бидејќи завршил некоја обврска што вие не сте стигнале да ја направите. Освен со зборови, може да се заблагодарите и со дела: подгответе топла бања, омиленото јадење или некој симболичен подарок.

Легнувајте си во исто време

Ако партнерите имаат различен ритам на спиење тоа може да предизвика одредени проблеми во комуникацијата и во блискоста. Тоа исто така може да се одрази на сексуалниот живот.

Многу е важно да ја одржувате блискоста и топлината во врската, а легнувањето и спиењето заедно се добар начин да го постигнете тоа. Исклучете ги сите гаџети (телевизор, компјутер, мобилни телефони) и легнете си заедно. Не мора веднаш да заспиете – разговарајте, гледајте се во очи, галете се, читајте, масирајте се... Оваа навика ќе ве зближи и ќе ви ја зацврсти врската.

реклама

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Љубов и секс

Колку треба да трае сексот? Подолго отколку што си мислите

Read more

Која разлика во годините на партнерите е најдобра за преживување тешкотии во бракот?

Read more

Фрази што никогаш не треба да ги кажувате кога ѝ се извинувате на саканата личност

Read more

Дали сте во врска со зрел маж или со мамин син?

Read more
 

Магазин

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Читај повеќе

Колку вода треба да пиете дневно за да ослабете?

Читај повеќе

Колку треба да трае сексот? Подолго отколку што си мислите

Читај повеќе

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Читај повеќе

Дали се задишувате кога се качувате по скали?

Читај повеќе

Dontodent паста за заби за 49 денари е само почеток: во dm ве очекува широк избор производи по секогаш поволни цени

Читај повеќе

Зошто слабеењето е тешко за жените над 40 години, дури и кога редовно вежбаат?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 18 до 24 мај 2026 година

Читај повеќе

Кој суплемент никогаш не треба да го земате со чај или кафе?

Читај повеќе