Што е случува со вашето „јас“ кога ќе почнете да живеете со партнерот?

Заедничкиот живот со партнерот на почеток се чини како добра идеја. Дури и одлична.

Помали трошоци, полесно планирање на распоредот, повеќе време заедно, повеќе секс... се чини дека кога ќе заживеете заедно под ист покрив се решаваат многу проблеми.

Но, ретко кој помислува на проблемите што може да произлезат од заедничкиот живот, особено ако не сте биле подготвени за овој голем чекор.

Многу е важно да знаете од која појдовна точка влегувате во заедничкиот живот, дали имате исти очекувања и дали сте сигурни од кои причини го правите тоа.

Како и за сѐ друго во врската, комуникацијата е многу важна и ако имате какви било сомнежи или стравови, треба да разговарате со партнерот пред да почнете да се пакувате.

Друг важен момент, што нема многу врска со партнерот, е вашата лична состојба на умот. Дали досега сте живееле со родителите, сами или со цимери е важно пред да почнете да живеете со партнер.

Бидете искрени со себе (и со партнерот!) за нивото на личен простор кој ви е потребен, отстапките кои сте подготвени да ги направите и навиките од кои не можете да се откажете.

Целово ова можби звучи застрашувачки и негативно, но е важно за да се заштитите долорочно, емотивно и финансиски.

Гледајќи кон позитивните работи, ќе имате повеќе време и услови да правите многу работи заедно со партнерот, да се запознаете подобро и да работите на зајакнување на вашата врска.

Тоа сепак не значи дека треба да се запоставите себе и својот личен развој. Продолжете со вашите хобија, интереси и активности, само усогласете ги распоредите за да имате повеќе време и за себе и за врската.

За сите овие работи е потребно време и не очекувајте дека промената се случува магично преку ноќ. Ќе ви треба многу разбирање и трпение. Среќно!

реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Starlink доаѓа на мобилните телефони: Илон Маск го купи делот од сложувалката што недостасуваше 

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Љубов и секс

Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Read more

Како работата може да предизвика еректилна дисфункција?

Read more

Што ви се случува во телото ако имате секс секое утро во текот на 30 дена?

Read more

Како природно да го подобрите сексуалниот нагон?

Read more

Магазин

Што ви се случува во телото ако не испиете чаша вода наутро?

Читај повеќе

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Читај повеќе

Рецепт за највкусната салата од зелка

Читај повеќе

„Тешко е да се живее со депресија“ – пациентите од Клиниката за психијатрија со пораки до јавноста

Читај повеќе

Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Читај повеќе

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Читај повеќе

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Читај повеќе

Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Читај повеќе

Најлесниот начин да ги организирате полиците за книги во вашиот дом

Читај повеќе