Нова студија потврдува она што многумина од нас веќе го знаат - мастурбацијата е благодет за телото и умот. Ако си го негирате ова, може да има негативни последици.
Истражувањето спроведено од компанијата што ги произведува играчките за возрасни Magic Wand, вклучило 1.000 жени. Тие 3 недели бележеле податоци за нивниот интимен живот. Една недела апстинирале, втората недела го користеле вибраторот на компанијата, а третата недела практикувале „вообичаен“ секс.
Дневното користење вибратор генерално го подобрило квалитетот на нивниот живот. Биле посреќни, се чувствувале поудобно во своите тела, имале поголема самодоверба и подобар квалитет на спиење.
„Кога станува збор за состојбата на светот и стресот и вознемиреноста што ги доживуваме, мислиме дека оргазмите можат да ни помогнат да останеме 'приземјени' и да најдеме радост“, изјави за New York Post водечката истражувачка, д-р Кандис Никол Харгонс.
Користењето секс играчки не им помогнало само на слободните жени, туку и на жените во врски. Додека ги користеле вибраторите, забележале подобрување во сексот со своите партнери.
Кога се вратиле на „редовниот“ секс, забележале дека нивната врска со партнерот „паднала“. Секако, ова не значи дека „редовниот секс“ е лош, туку едноставно дека не може да се спореди со интензитетот и задоволството што ги обезбедува оваа играчка.
Во неделата во која немале интимни односи, биле несреќни, имале лоша слика за сопственото тело и недостаток на поврзаност со партнерот.