Зошто паузата од секс може да биде добредојдена за жените?

Периодот без секс е идеална можност да откриете што ве возбудува, а што не, да работите на подобра форма, но и да ги одморите нервите од страв од несакана бременост...

Иако сексот го зајакнува срцето и го продолжува животот, „сушните“ периоди исто така имаат свои придобивки, особено за психата. Вишокот слободно време е одлична можност да работите на себе и вашата физичка форма. 

Подобра форма, поголема самодоверба

Жените за време на сексот може да бидат крајно несигурни во своето тело, прашувајќи се дали се доволно добри или привлечни, што лошо влијае на нивната самодоверба. Период без секс ги менува приоритетите, така што вишокот време може да се потроши за вежбање и промена на исхраната. Подобрата форма сигурно ќе ја зајакне вашата самодоверба и ќе го подобри начинот на кој гледате на вашето тело.

Можност да го истражите сопственото тело

Периодот без секс е одлична можност да го истражите сопственото тело. Оние што никогаш не го достигнале врвот со својот партнер можат да имаат најголема корист од тоа, па сега можат да откријат што ги возбудува, а што не, и кои допири всушност ги сакаат. Ова може да биде одлично време да си набавите секс играчка и да се впуштите во истражување.

Нема повеќе драма или страв од бременост

Животот во двојка, и покрај неговите предности, може да биде многу стресен. Партнерите треба да се усогласат еден со друг, да прават компромиси, дури и кога станува збор за секс, поради што расправиите се неизбежни. Без секс, нема драма, што во голема мера ќе ги смири нервите, но и стравот од несакана бременост.

Повеќе ќе го цените сексот

„Сушниот“ период ќе ве научи како повеќе да го цените сексот. Штом ќе заврши, тркалањето во кревет ќе биде поинтензивно од кога било досега, особено ако ги користите вештините што сте ги научиле со истражување на сопственото тело.

реклама

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more

Љубов и секс

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Колку долго трае идеалниот секс?

Read more

Дали го игнорирате партнерот на сметка на смартфонот?

Read more

Дали вашата врска има иднина?

Read more
 

Магазин

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Читај повеќе

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Читај повеќе

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Храна што предизвикува проблеми со варењето

Читај повеќе

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Читај повеќе

Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото

Читај повеќе

Симптоми што укажуваат на проблем со неплодност

Читај повеќе