Срамно однесување на камерман на женски фудбал
Видеото обавезно погледнете го со пуштен тон.
Прво пред почетокот на натпреварот изваде јак шлајм и го залепи некаде во близина, а сето тоа убаво се слушна на преносот кој одеше во живо на YouTube каналот на ФФМ.
Потоа, веќе во 13-тата минута му здодеа, па во живо ја опцу работата за која е платен.
Што ли си имаат помислено девојките кога по натпреварот ја гледале снимката? Или нивните родители, роднини или пријатели што во живо го гледале преносот?
Ова се случи на мечот од 1. коло во првата женска лига помеѓу Вардар и Истатов, одигран на 23 август на стадионот „Цементарница“ во Скопје.