Пробајте ја чоколадната торта со свежо сирење и бобинки. Едноставен рецепт за сочна и освежителна торта, идеална за секоја пригода.
Оваа торта е вистинско уживање за сите љубители на чоколадо и овошје. Сочната чоколадна основа, кремастиот фил од сирење и освежителниот слој од бобинки ја прават совршена за секоја пригода. Најдобро од сè - лесна е за правење, а изгледа и мириса како од слаткарница.
Доколку користите замрзнато овошје, задолжително одмрзнете го и исцедете го вишокот течност пред да го ставите врз филот - така тортата нема да биде леплива.
Потребни состојки:
за тестото:
- 2 јајца
- прстофат сол
- 60–90 гр шеќер
- 70 гр масло
- 90 гр брашно
- 2 лажици какао
за филот:
- 250 гр свежо сирење
- 1 лажичка ванилин шеќер
- 1 јајце
- 1 лажичка пченкарен скроб
- 1-2 лажици шеќер (по вкус)
за овошниот слој:
- 200 гр бобинки (свежи или замрзнати)
- 1 лажица пченкарен скроб
- 1-2 лажици шеќер (по вкус)
Подготовка:
Матете ги јајцата со шеќер и прстофат сол додека не побелат. Додадете масло, потоа просеано брашно и какао. Сè измешајте во мазна смеса и истурете во калап обложен со хартија за печење.
Измешајте свежо сирење, ванилин шеќер, јајце, пченкарен скроб и шеќер. Матете додека не добиете кремаста маса, а потоа рамномерно распоредете ја врз чоколадното тесто.
Измешајте ги бобинките со шеќер и пченкарен скроб. Рамномерно распоредете ги врз филот од сирење.
Ставете го колачот во рерна претходно загреана на 180°C и печете го 35-40 минути. Оставете го да се излади пред да сечете парчиња за послужување.