Фритата од тиквички е лесен, но хранлив оброк.
Кога тиквичките ги преплавуваат пазарите, вистинско време е да ги користите во едноставни јадења како оваа лесна фритата. Сочните тиквички, миризливото песто и печениот кашкавал ги прават совршен оброк за секој дел од денот - без разлика дали станува збор за појадок, ручек или лесна вечера.
Користете тава со метална рачка или таква што е погодна за печка – на овој начин ќе добиете совршено запечена кора без да мора да ја префрлате во друг сад.
Потребни состојки:
- 1 тиквичка
- 1 мал домат
- песто сос
- 4 јајца
- сол
- бибер
- кашкавал
Подготовка:
Изрендајте ги или ситно исечкајте ги тиквичките, а потоа кратко пржете ги во тава без масло додека не омекнат и не го испуштат вишокот вода.
Во посебен сад, изматете ги јајцата со сол и бибер. Додадете ги доматите, песто сосот, омекнатите тиквички и половина од ренданиот кашкавал. Промешајте.
Истурете ја смесата во тава намастена со масло и гответе на средна температура 5-7 минути, додека рабовите не се зацврстат. Посипете со остатокот од кашкавалот и покријте ја тавата уште 2-3 минути за убаво да порумени горниот слој. Сервирајте топло, со сезонска салата или парче интегрален леб.