Говедското месо подготвено со лук и печурки е едноставно јадење со богат вкус, готово за половина час.
Кога сакате брз и заситувачки оброк, а не сакате да поминувате часови покрај шпоретот - ова е вистинскиот избор. Сочните парчиња говедско месо се пржат во свинска маст или маслиново масло, а потоа се варат на тивок оган со печурки, лук, зачини и павлака додека не се создаде густ, миризлив сос. Со пире од компири, тестенини или само со парче интегрален леб - совршено.
Совет: Користете помасно парче говедско месо за пополн вкус и помека текстура - месото ќе се опушти во сосот и ќе биде уште посочно.
Потребни состојки:
- 900 гр говедски бут
- 1 лажица свинска маст или маслиново масло
- сол
- бибер
- 2 чешниња лук
- 280 гр печурки
- 360 мл павлака за готвење
- 50 гр рендан пармезан
- 1 лажичка сушена мајчина душица
- ½ лажичка сол
- ½ лажичка бибер
- свеж магдонос (за декорација)
Подготовка:
Загрејте ја маснотијата или маслото во голем тава. Говедското исечете го на коцки и додадете го, зачинете со сол и бибер, а потоа пржете додека убаво не порумени од сите страни. Извадете го месото и тргнете го настрана.
Во истата тава додадете го тенко исечлканиот лук и печурките исечени на парчиња, а потоа кратко пржете додека печурките не омекнат. Вратете го месото во тавата, истурете ја павлаката, додадете го ренданиот пармезан, мајчината душица, солта и биберот. Гответе додека сосот не се згусне и месото не омекне. По желба посипете со сечкан магдонос и послужете додека е топло.