Идеја за зимски ручек: Посен подварок со суви сливи

Дознајте како да направите идеален ручек за секој ден и за зимска посна слава, следејќи го рецептот за посен подварок со суви сливи.

Подварокот со суви сливи е доказ дека дури и без месо можете да направите топло, ароматично и богато јадење кое плени со својата арома и вкус. Комбинацијата од кисела зелка и слатки суви сливи создава совршена рамнотежа на киселост и благи ноти на овошје, додека црвениот кромид и лукот додаваат дополнителен вкус.

Едноставен за подготовка, овој подварок а е одличен избор за оброк за вашата посна слава или именден, но и за секојдневен ручек, особено ако сакате јадење кое е лесно за подготовка. Сервирајте го со печен компир или пире од компири и имате комплетен оброк во кој ќе ужива целото семејство.

Ако сакате позачинети јадења, слободно додадете малку мелена лута пиперка по вкус.

Потребни состојки:
  • 1 кг сечкана кисела зелка
  • 200 гр суви сливи без семки
  • 2 главици црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 5-6 лажици масло
  • 3 листови ловор
  • сол
  • бибер во зрна
  • мелена пипер
Подготовка:

Ситно исечкајте ги црвениот кромид и лукот, а потоа пржете ги на умерена температура во голема тава или тенџере додека не станат стаклени и меки.

Додадете ги сувите сливи, ловоровите листови и зрната бибер, па пржете уште неколку минути, мешајќи постојано за да се соединат вкусовите.

Исцедете ја зелката, а доколку е премногу солена, исплакнете ја под вода. Додадете ја во тавата со сливите и кромидот и пржете ја околу 10-15 минути, постојано мешајќи.

Префрлете ја смесата во длабок плех, додадете околу 2 чаши вода и печете во рерна на 180 степени околу еден час, додека зелката не омекне.

Послужете го подварокот како главно јадење или како прилог со печен компир или пире од компири.

реклама

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more

Рецепти

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Read more

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Динстан пилешки џигер со карамелизиран кромид

Read more

Совети за почетници во кујната: Како да зготвите риба?

Read more
 

Магазин

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Читај повеќе

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Читај повеќе

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Храна што предизвикува проблеми со варењето

Читај повеќе

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Читај повеќе

Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото

Читај повеќе

Симптоми што укажуваат на проблем со неплодност

Читај повеќе