Лето е и на некои луѓе не им се јаде одредени оброци чие готвење бара многу време. Ако сте еден од нив, тогаш шакшуката е идеална опција за оброк бидејќи е брза за подготовка, а воедно е и хранлива.

Тоа е јадење кое е сè попопуларно на социјалните мрежи, каде што главните состојки се доматен сос и јајца.
Потребни состојки:
- 3 јајца
- половина конзерва доматен сос со парчиња домат
- 1 мал црвен кромид
- 1 црвена пиперка
- 2 лажици масло
- црвена пипер (во прав)
- сол
- бибер
- свеж магдонос
- 2 чешниња лук
Подготовка:
Загрејте го маслото во големо тавче, додадете го исечканиот црвен кромид и пржете го 2 минути. Потоа додадете ја исечканата пиперка и продолжете да пржите неколку минути.
Потоа, додадете ги лукот, солта, црвената пипер и биберот. Промешајте кратко и оставете 1 минута за да се соединат зачините со зеленчукот.
Додадете го доматниот сос од конзервата и продолжете да готвите околу 10 минути. Штом смесата се згусне, пробајте го сосот и проверете дали се потребни повеќе зачини.
Направете три мали вдлабнатини со лажица и додадете ги јајцата. Покријте го тавчето со капак и оставете да се готви на тивок оган околу 5 минути. На крај, додадете го свежиот магдонос. Можете да го јадете јадењето со печиво по избор.