Кога треба да користите мелен бибер, а кога во зрно?

Научете кога да користите мелен бибер, а кога зрна бибер за најдобар вкус во вашите јадења. Различните намени извлекуваат различни вкусови.

Биберот е еден од основните зачини во секоја кујна, но не е потребно секогаш да се користи истиот.

Купениот мелен бибер и оној што непосредно пред готвењето го мелете од зрната имаат различна јачина на аромата.

Мелен бибер за јадења со повеќе зачини

Мелениот бибер е најдобар кога го надополнува вкусот на јадењето, а не го доминира. Затоа можете да го користите во чорби, супи, варива и разни филови, каде што неговиот вкус убаво се вклопува со други зачини.

Свежо мелен за јадења каде што биберот игра главна улога

Кога сакате биберот јасно да се почувствува, подобро е да го сомелете непосредно пред употреба. Тогаш аромата е поинтензивна и поизразена.

Одличен е за пита со компири, печено месо, стек и месо во бибер сос, особено за јадења со поедноставни состојки, каде што биберот има простор да дојде до израз.

Не мора да изберете само една опција. Чувајте ги и двете во вашата кујна: мелен за супи, варива и за секојдневно готвење, и цели зрна бибер за оние моменти кога сакате неговата арома и вкус навистина да дојдат до израз.

Мал кујнски трик

Не мелете зрна бибер однапред во големи количини. Најдобро е да мелете онолку колку што во моментот ви е потребно, бидејќи на тој начин ќе ја зачувате неговата арома и интензитет. За уште поизразен вкус, можете да сомелете дел од зрното погрубо, особено кога подготвувате месо или сос во кој сакате да ги видите и почувствувате малите парчиња бибер.

Тагови
реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Рецепти

Зошто воопшто ставаме ловоров лист кога готвиме?

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

За гурмани: Арапски рецепт за боранија со месо

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Магазин

Телото ви е во различна временска зона наутро: Феноменот одговорен за понеделничкиот пекол

Читај повеќе

Дали е подобро да вежбате пред или по појадокот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто воопшто ставаме ловоров лист кога готвиме?

Читај повеќе

Хемоглобин A1c: Што ни кажува овој крвен тест за шеќерот во нашето тело?

Читај повеќе

Што треба да направите во вашата градина во октомври?

Читај повеќе

5 планети се ретроградни: Враќање на бившите, соочување со вистината

Читај повеќе

Смрдливките во овој период од годината влегуваат во домовите: Како да се ослободите од нив?

Читај повеќе

Зимско или летно сметање на времето: Што е подобро за здравјето?

Читај повеќе

Како кардио тренингот може да придонесе за здравјето на косата?

Читај повеќе