Доколку барате идеја за торта за која нема да морате да ја вклучувате рерната во топлите летни денови - овој десерт со кокос е одлична опција.
Слоеви бисквити потопени во кокосово млеко, воздушен кокосов крем, препечен кокос и шлаг се спојуваат во десерт кој има вкус на вистинска тропска магија.
Потребни состојки:
за кокосовиот крем:
- 340 гр крем сир, ладно
- 150 гр шеќер во прав
- 720 мл сладок шлаг, ладна
- 2 лажички екстракт од ванила
- 1/2 лажичка екстракт од кокос (по желба)
- 55 гр кокосово брашно
за кората:
- 24-36 парчиња бисквити
- 120 мл кокосово млеко
- 55 гр препечено кокосово брашно
за преливот:
- 360 мл ладен шлаг
- 40 гр шеќер во прав
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 4 лажици препечено кокосово брашно
Подготовка:
Изматете го крем сирот и шеќерот во прав додека не добиете мазна смеса. Додадете ја ладната густа павлака и ванилата, а потоа матете додека не добиете густа и добро соединета смеса. Нежно со шпатула додадете го кокосовото брашно.
Потопете ги бисквитите во кокосовото млеко и наредете ги во плех за печење со димензии 23x33 см. Премачкајте ги со 6-7 лажици кокосов крем (слој со дебелина од околу 1 см) и наросете со препечен кокос. Повторете го процесот на редење слоеви, оставајќи околу 2,5 см простор на врвот за последниот слој.
Изматете ја густата павлака, шеќерот и ванилата додека не добиете цврста смеса. Премачкајте го колачот, декорирајте со препечен кокос, покријте и ставете го во фрижидер 24 часа пред сервирање.