Колку долго може да се чува свинското во замрзнувач?

Замрзнувањето е еден од најдобрите начини за продолжување на рокот на траење на свинското месо, но дури и месото во замрзнувачот не може да трае неограничено долго.

Должината на складирање зависи од тоа дали месото е посно или масно, како и од тоа колку било свежо кога било замрзнато. Правилното пакување и соодветната температура се клучни за зачувување на вкусот, текстурата и безбедноста на храната.

Колку долго можете да чувате свинско?

Препорачаното време на складирање варира во зависност од видот на месото:

  • посни парчиња (бут, плешка, каре) - од 4 до 8 месеци
  • помрсни делови (врат, стомак) - од 3 до 5 месеци
  • меленоко - 1 до 2 месеци
  • готвено - од 2 до 3 месеци

По овие датуми, месото не е нужно расипано, но може да изгуби квалитет, вкус и сочност.

Како правилно да се подготви месото за замрзнување?

Пред да го ставите свинското месо во замрзнувач, се препорачува да го поделите на порции што лесно ќе ги користите подоцна. Месото не треба да се мие, туку само да се исчисти од мали остатоци од коски или нечистотии и добро да се исуши со хартиена крпа.

Добра идеја е месото однапред да го исечете на помали парчиња, шницли или коцки, бидејќи така ќе заштедите време при подготовката на оброкот.

Кој е најдобриот начин за замрзнување на месото?

Користете кеси за замрзнување или садови со херметички затворач за складирање. Обичните тенки пластични кеси од продавница не се најдобар избор бидејќи лесно пукаат на ниски температури.

Доколку имате можност, вакуумското пакување е едно од најдобрите решенија, бидејќи го намалува присуството на воздух и му помага на месото да го задржи својот квалитет подолго време.

Колку свежо може да биде месото пред замрзнување?

Свинското месо кое поминало повеќе од три дена во фрижидер не треба да се става во замрзнувач. Колку побрзо месото се замрзне по купувањето, толку подобар ќе биде неговиот квалитет по одмрзнувањето.

Која температура е идеална?

Препорачаната температура за складирање на месо во замрзнувач е -18°C. На повисоки температури, храната не е доволно замрзната, додека долготрајното складирање и несоодветните услови можат да доведат до промени во квалитетот на месото.

Важно правило

Откако ќе се одмрзне месото, не треба повторно да се замрзнува. Повторното замрзнување може негативно да влијае на квалитетот и да го зголеми ризикот од раст на бактерии ако месото не е правилно складирано за време на одмрзнувањето.

реклама

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Рецепти

Неколку рецепти со тиквички - омилениот летен зеленчук

Read more
Седум лесни рецепти инспирирани од италијанската кујна

Седум лесни рецепти инспирирани од италијанската кујна

Read more

Пржени цветови од тиквички по италијански рецепт

Read more

Летно јадење: Азиски тиквички од тава за 15 минути

Read more

Магазин

Што треба да направат родителите за да си легнуваат децата навреме?

Читај повеќе

Како да се спасите од проблеми со варењето кога сте на одмор?

Читај повеќе

Како храната од отворена конзерва да трае подолго и да не го засмрдува фрижидерот?

Читај повеќе

Како јадењето авокадо секој ден може да го намали „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Читај повеќе

Какво кафе треба да пиете за здрав црн дроб?

Читај повеќе

Каде грешат во исхраната луѓето кои се мачат со висок крвен притисок?

Читај повеќе

Производи што не се препорачуваат за чистење на бањата

Читај повеќе

Зошто за многу луѓе кафето има подобар вкус во среда?

Читај повеќе