Лазања на мексикански начин - со пченка и грав

Мексиканската лазања со пченка е зачинета и богата со вкус.

Можете да ги подготвите лазањите однапред. Потребно е само да ги составите сите слоеви, а потоа да го покриете садот со фолија и да го ставите во фрижидер до еден ден. Кога ќе одлучите да ги испечете лазањите, печете ги 15 минути подолго. Печените лазањи оставете ги да отстојат најмалку 5-7 минути пред да одлучите да ги исечете.

Наместо листови тесто за лазања можете да користите и тортиљи, така рецептот ќе биде уште поубедливо мексикански.

Потребни состојки:
  • 2 лажички маслиново масло
  • 450 гр мелено говедско месо
  • 120 гр кромид
  • 1 лажичка лук
  • 1 лажица мешавина од суви зачини
  • 120 гр лута зелена пиперка
  • 400 гр домати
  • 120 гр пченка
  • 450 гр конзервиран црн грав
  • 280 гр лут доматен сос
  • листови лазања (или тортиљи)
  • 3700 гр рендан кашкавал
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • масло
  • преливи како павлака и гвакамоле (по желба)
Подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 190 степени. Намачкајте го садот за печење со масло. Во тава загрејте масло на средна топлина. Додадете го телешкото месо и пржете го 4-5 минути кршејќи ги парчињата со шпатула. Додадете ситно сечкан кромид и пржете 3-4 минути или додека не омекне. Потоа додадете го и ситно сечканиот лук и пржете уште 30 секунди. Додадете ја сечканата лута зелена пиперка, доматите исечкани на коцки (и изцедени!) и пченката, па измешајте за убаво да се соединат состојките.

Додадете ја конзервата грав. Мешајте додека смесата темелно не се соедини. На дното на садот за печење намачкајте со тенок слој сос од домати. Исечете ги листовите лазања за да имате повеќе слоеви. Намачкајте ја лазањата со 1/3 од доматниот сос, па посипете со 120 грама кашкавал. Над кашкавалот намачкајте 1/3 од смесата со грав и месо.

Повторете ги слоевите, завршувајќи со слој од преостанатиот кашкавал. Покријте и печете 20 минути, а потоа откријте и печете уште 20 минути, или додека кашкавалот не се растопи и не порумени. Посипете со магдонос. Додадете ги преливите по желба.

Готовата лазања исечете ја на квадрати и послужете.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Рецепти

Колку сол всушност треба да ставите во водата кога варите тестенини?

Read more

Омилен десерт за сите деца: Направете мачкини очи како од слаткарница

Read more

Јади тост како Викинг!

Read more

Предлог за ручек: Полнети компири со печурки, кашкавал и сушено месо

Read more
 

Магазин

Колку сол всушност треба да ставите во водата кога варите тестенини?

Читај повеќе

Едноставен пијалaк со кој треба да го започнеме утрото

Читај повеќе

Што треба да јадете ако се разбудите исцрпени и уморни?

Читај повеќе
  • play_arrow

Омилен десерт за сите деца: Направете мачкини очи како од слаткарница

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги заштите растенијата на балкон или двор од зимскиот студ?

Читај повеќе

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Читај повеќе
  • play_arrow

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Читај повеќе

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Читај повеќе