Лесен и освежителен десерт: Ролат од јагоди и кокос што се топи в уста

Сезоната на јагоди започна, а со тоа многу луѓе веќе подготвуваат вкусни и освежителни десерти со ова овошје. Плус, ако го сакате кокосот, овој рецепт ќе биде совршена комбинација.

Станува збор за лесен десерт, идеален за пролетните и летните денови, а секој залак ќе ви се стопи во устата.

Потребни состојки:

за пандишпанот:

  • 100 гр брашно
  • 150 гр шеќер
  • 100 гр кокос (+50 гр за посипување)
  • 2 лажици гриз
  • 5 јајца
  • 4 лажици топла вода
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • прстофат сол

за кремот:

  • 250 гр свежи јагоди
  • 250 гр џем од јагоди
  • 200 гр крем сир
  • 100 гр шеќер во прав
  • 200 мл шлаг
  • 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:

За почеток, одвојте ги белките од жолчките, потоа изматете ги белките додека не станат цврсти и оставете ги на страна. Потоа изматете ги жолчките со шеќерот и 4 лажици топла вода додека не добиете кремаста текстура.

Во друг сад, измешајте го брашното, прашокот за печиво, солта, гризот и кокосот, потоа постепено додавајте ги во смесата од жолчки и матете со миксер. Додадете ги белките со лажица, а потоа распоредете ја целата смеса на плех обложен со хартија за печење.

Печете го пандишпанот во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10 до 15 минути. Додека се пече кората, намокрете чиста крпа и распоредете 50 грама кокос врз неа. Кога пандишпанот ќе се испече, ставете го горниот дел на крпата и нежно отстранете ја хартијата за печење и па ролајте го. Оставете го пандишпанот да се олади и почнете да го подготвувате кремот.

Изматете ја шлаг кремата додека не стане цврста, потоа додадете го крем сирот, шеќерот во прав и екстрактот од ванила и матете додека не добиете мазна смеса.

Изладениот пандишпан раширете го, а потоа премачкајте го со џем од јагоди. Потоа премачкајте го белиот крем, но оставете мал дел за премачкување на ролатот. Наредете ги исечените јагоди врз пандишпанот и замотајте во ролат. Премачкајте со преостанатиот бел крем.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Рецепти

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Пролетна салата со макарони, варени јајца и ротквици

Read more

Свинско месо со брокула и карфиол во соја сос

Read more

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Read more
 

Магазин

Крварењето од носот може да биде знак за сериозна медицинска состојба

Читај повеќе

Едноставни начини да ја контролирате исхраната без да се изгладнувате

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Читај повеќе

Природен лек за многу болести: Зошто треба да консумираме бозел?

Читај повеќе

Едноставен трик за подобро варење: Јадете круша секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Читај повеќе
  • filter

Лорен Санчес со деколтето крадеше погледи во Кан: Блесна во тесен фустан

Читај повеќе

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Читај повеќе

Мотивацијата за вежбање најмногу опаѓа на одредена возраст

Читај повеќе