Лесен оброк: Солен ролат од тиквички со шунка и кашкавал, без брашно

Солениот ролат од тиквички полнет со шунка и кашкавал е совршено брзо предјадење или лесен оброк без брашно, идеален за секоја пригода.

Ролатот од солени тиквички полнети со шунка и кашкавал е совршена комбинација од лесно и заситувачко јадење кое можете да го послужите и како предјадење и како главно јадење.

Идеален е за празнични пригоди, но и за денови кога сакате нешто брзо, вкусно и малку поинакво. Меката основа од тиквички во комбинација со шунка и стопен кашкавал создава одличен баланс на вкусови на кој е тешко да се одолее.

Потребни сстојки:

за кората:

  • 3 мали тиквички
  • 3 јајца
  • 1 шака рендан кашкавал
  • сол
  • бибер

за филот:

  • 100 гр шунка
  • 100 гр рендан/сечкан кашкавал
Подготовка:

Добро измијте ги тиквичките и изрендајте ги заедно со кората, потоа посолете ги и оставете ги да се исцедат неколку минути. Потоа добро исцедете ги за да се добие компактна смеса.

Додадете јајца и рендан кашкавал во исцедените тиквички, па зачинете со сол и бибер. Добро измешајте сè додека не добиете еднолична смеса.

Рамномерно распоредете ја смесата на плех обложен со хартија за печење, во тенок слој сличен на кора. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути, додека кората не добие блага златна боја и не стане цврста.

Извадете ја печената кора од рерна, преку неа распоредете ја шунката и кашкавалот и внимателно замотајте ја додека е сè уште топла.

Вратете го голатот во рерна и печете уште 10 минути, додека кашкавалот не се растопи на средина и сè добро не се поврзе.

реклама

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Read more

18-годишно момче убиено со пиштол во шума кај Сарај

Read more

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Рецепти

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Направете автентични италијански панцероти: Неверојатно крцкави и полни со фил

Read more

Новата Olympus урда носи вкусен Instagram предизвик, патување и многу награди!

Read more
 

Магазин

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Читај повеќе

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Читај повеќе

Црниот чај може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

Како оризовите крекери влијаат на шеќерот во крвта?

Читај повеќе

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Немате време за вежбање? Само 5 минути активност можат да ви бидат од корист за здравјето

Читај повеќе

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Читај повеќе

Работи што треба да ги знаете ако пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Карактерот, средината и моќта на вистинските тимови

Читај повеќе