Италијанската паста е едно од омилените јадења на многу луѓе, а сосот од домати, кој Delish го прогласи за најдобар сос во светот, може да се направи само со три состојки.
Овој рецепт првично беше објавен во 1992 година во книгата „Essentials of Classic Italian Cooking“ од авторката за храна Марчела Хејзан. За да го направите, потребни ви се конзервирани домати, кромид и големо парче путер.
„Ниеден друг сос не е поуспешен во претставувањето на италијанската кујна од добро направен доматен сос“, напиша Хејзан во книгата.
Ставете половина кромид во тенџере со путер и конзервирани домати, а потоа варете на тивок оган 45 минути. За разлика од повеќето други методи за правење доматен сос, овој рецепт не бара сечкање, пржење или зачинување.
„Марсела беше генијалец кога стануваше збор за вкус. Таа веднаш сфати како вкусот влијае на јадењето. Се запраша: 'Зошто да се сечка кромидот? Зошто да се пржи? Ќе ставам кромид, домати и путер заедно и ќе заборавам на останатото'“, рече претходно нејзиниот сопруг, Виктор Хејзан.
Родена во семејството Полини во Емилија-Ромања, Марчела дипломирала природни науки и биологија на Универзитетот во Ферара и Универзитетот во Падова. Откако се омажила за њујорчанецот Виктор Хејзан во 1955 година, се преселила во Њујорк. Ѝ се припишува запознавањето на Американците и Англичаните со италијанската кујна благодарение на нејзините книги, кои се сите на англиски јазик. Почина во 2013 година на Флорида на 89-годишна возраст.