Солените топчиња се едни од најубавите и најпрактичните предјадења за трпезата за вашата слава или именден - декоративни, вкусни и лесни за подготовка.
Бидејќи почна сезоната на слави и имендени, пробајте го овој одличен рецепт за солени топчиња или пратете му го некому кому му се ближи ваков празник.
Солените топчиња од слава се совршено решение за секоја празнична пригода - брзо се прават, изгледаат привлечно и ќе ги воодушеват гостите. Нивната предност е што можат однапред да се подготват и да се чуваат во фрижидер сè до сервирање. Без разлика дали ги служите како предјадење или како додаток на славската трпеза, тие сигурно ќе станат една од вашите омилени закуски.
Потребни состојки:
- 300 гр крем сир
- 150 гр шунка
- 150 гр кашкавал
- 2 лажици сусам
- 100 гр кикиритки
- свеж магдонос (по желба)
- сол
- лук во прав
- бибер
- 1 лажица ајвар
- + сусам и кикиритки
Подготовка:
Исечете ја шунката на коцки, изрендајте го кашкавалот, исечкајте ги кикиритките во процесор за храна. Во сад истурете го крем сирот и сите други состојки, освен ајварот. Добро измешајте сè, а потоа поделете ја смесата на два дела, додадете го ајварот на едната половина и измешајте. Формирајте топчиња и извалкајте ги во кикирикитте и сусамот.
Топчињата можете да ги наредите на чинија во кружна или спирална форма, што дава посебен визуелен ефект.
Ако сакате појак вкус, додадете ситно сечкани кисели краставички.
За полесна верзија, заменете дел од крем сирот со грчки јогурт.