Направете автентични италијански панцероти: Неверојатно крцкави и полни со фил

Подгответе вкусни панцероти со моцарела и домат, крцкаво однадвор и сочно одвнатре. Идеални се за ручек или вечера.

Ако сакате пица и печени лепчиња со фил, тогаш апсолутно ќе ги обожавате овие панцероти кои се неверојатно крцкави однадвор, додека одвнатре остануваат меки и сочни.

Совршени се за ручек, вечера или дружење со вашиот омилен филм.

Самиот збор панцероти (panzеrotti) потекнува од деминутив од panza (панца), регионална варијација на италијанскиот pancia (панча) што во буквална смисла значи „стомак“ и се однесува на карактеристичното отекување на тестото кое наликува на надуеност на стомакот. Ова е традиционално јадење од покраината Апулија, односно т.н. пета на италијанската чизма каде шпто се наоѓаат градовите Бари, Лече, Фоџа... Во Оваа покраина ова јадење е заштитено како PAT, односно Традиционални италијански земјоделско-прехранбени производи. Познато е и како пржена пица (пица фрита / pizza fritta)

Совет: Обавезно добро исцедете ја моцарелата пред да го подготвите филот за да не омекне тестото за време на пржењето.

Потребни состојки:

(за 8 панцероти)

  • 230 мл млака вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1 кесичка сув квасец
  • 2 лажици маслиново масло
  • 400 гр брашно
  • 2 лажички сол

за филот:

  • 250 гр свежа моцарела
  • 120 мл доматно пире
  • 1 лажичка суво оригано
  • ½ лажичка сол

за пржење:

  • околу 700 мл масло
Подготовка:

Во млаката вода одадете шеќер и квасец, промешајте и оставете неколку минути да се активира и да се запени. Додадете маслиново масло, брашно и сол, а потоа месете мазно и меко тесто. Месете неколку минути додека не стане еластично.

Префрлете го тестото во лесно намастен сад, покријте го со крпа и оставете го на топло место околу еден час за да нарасне.

Во меѓувреме, подгответе го филот. Добро исцедете ја моцарелата и исечкајте ја на мали коцки. Измешајте ја со доматното пире, ориганото и солта.

Нараснатото тесто поделете го на 8 еднакви делови. Секој дел расукајте го во круг со дијаметар од околу 15 сантиметри.

Ставете дел од филот во центарот на секој круг, а потоа превиткајте го тестото врз филот за да формирате облик на полумесечина. Добро притиснете ги рабовите со вилушка за да спречите истекување на филот за време на пржењето.

Загрејте го маслото во длабок сад на средна температура. Пржете ги панцеротите на парчиња по неколку минути од секоја страна, додека не добијат златно-кафена боја и не станат крцкави.

Извадете ги на хартиена крпа за да се исцедат вишокот маснотии. Оставете ги да се изладат неколку минути, а потоа послужете додека моцарелата е сè уште стопена.

реклама

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Рецепти

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Read more

Зошто лукот е омилен додаток во многу солени јадења?

Read more

Рецепт за најдобра коленица во сос од сенф

Read more

Магазин

Рецепт за највкусната салата од зелка

Читај повеќе

„Тешко е да се живее со депресија“ – пациентите од Клиниката за психијатрија со пораки до јавноста

Читај повеќе

Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Читај повеќе

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Читај повеќе

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Читај повеќе

Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Читај повеќе

Најлесниот начин да ги организирате полиците за книги во вашиот дом

Читај повеќе

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Читај повеќе

Принцот Хари откри дека паднал во депресија по преселбата во Канада

Читај повеќе