Овие совети се користат во рестораните низ целиот свет.
Ги сакаме салатите затоа што се едноставни, лесни за подготовка, освежителни и вкусни, но дури и со салатите постојат трикови што ги користат вештите готвачи за да ги направат уште поубави. Ви носиме трикови од искусни готвачи за подготовка на Цезар салата, омилениот летен оброк низ целиот свет.
Цезар салатата се прави со зелена салата, пилешко, сланина или панчета, а се прелива со пармезан, кубети од тост леб и дресинг. Често ќе видите и варено јајце во овој рецепт. Откако ќе го совладате основниот рецепт за Цезар салата - едно од најпопуларните јадења со салати низ целиот свет - пробајте ги овие трикови.
1) Зелената салата Ајсберг е најкрцкава и изгледа најдобро поради нејзините декоративни листови. Ако не можете да ја најдете, купете обична зелена салата, но користете ги само внатрешните, мали листови. Тие се послатки од надворешните листови, кои можат да бидат горчливи, и изгледаат поубаво во салата.
2) Листовите од зелена салата потопете ги во ледена вода пред сервирање, тоа ќе ги освежи малку и ќе ги направи покрцкави.
3) Листовите од зелена салата задолжително добро избришете ги и исушете ги, за дресингот подобро да се „фати“ на нив.
4) Направете свои кубети од коцки тост леб. Можете да ги пржите во малку маслиново масло со некои зачини, но многу готвачи ги пржат во истата тава во која пржеле сланина или панчета, за да го апсорбираат вкусот.
5) Ако користите варени јајца, трик од искусни готвачи е да ставите свежи јајца во ладна вода, потоа да го вклучите шпоретот и повремено да мешате додека водата се загрева и јајцата се готват. Ова ќе ви даде јајце со жолчката во самиот центар, кое ќе изгледа поубаво кога се сервира.