Пилешкиот џугер со кромид и црвена пиперка е ефтин и многу хранлив оброк.

Пилешкиот џигер е многу хранлива намирница, а има и мал број калории, па затоа се смета за суперхрана. Содржи комплетни протеини кои ги имаат сите есенцијални аминокиселини. Богат е со корисни микронутриенти како што се витамин Б12, витамин А, фолна киселина и витамин Б2, како и витамини Б1, Б3, Б5, Б6 и витамин Ц. Исто така е богат со бројни минерали.
Потребни состојки:
- 340 гр пилешки џигер
- 2 лажички вино
- ½ лажичка сол
- 1½ лажичка пченкарен скроб
- 2 лажици масло
- 3 чешниња лук
- 2 лажички мелен ѓумбир
- ½ кромид
- 1 црвена пиперка
за сосот:
- 60 мл пилешки булјон
- 1 лажица вино
- 1 лажица соја сос
- 2 лажички шеќер
- 1½ лажичка пченкарен скроб
- ¼ лажичка бибер
Подготовка:
Прво маринирајте ги пилешките џигери така што ќе ги исечете на парчиња и префрлите во сад. Исцедете го вишокот течност и додадете го виното и солта. Добро измешајте со раце и наросете со пченкарен скроб. Повторно измешајте за рамномерно да се премачкаат џигерите. Соединете ги сите состојки за сосот во посебен среден сад. Добро измешајте.
Загрејте 1 лажица масло во голем тава на средна температура додека не се загрее. Наредете ги исечканите пилешки џигери. Пржете 1 минута, додека долната страна не добие златно-кафеава боја. Превртете на другата страна за да се испржи, околу 1 минута. Пржете уште неколку минути доколку е потребно. Префрлете на чинија и оставете на страна.
Додадете ја преостанатата 1 лажица масло, многу ситно исечканиот лук и ѓумбирот. Промешајте неколку пати за да ја ослободите аромата. Додадете го сечканиот кромид. Промешајте и пржете 1 минута. Вратете го џигерот во тавата и додадете ја пиперката исечена на парчиња. Повторно промешајте го сосот додека пченкарниот скроб целосно не се раствори. Истурете го во тавата. Промешајте и гответе додека сосот не се згусне и рамномерно не ги премачка состојките.
Исклучете го огнот и додадете малку маслиново масло. Промешајте повторно и веднаш префрлете сè на чинија. Сервирајте топло врз варен ориз како главно јадење.