Ако сте еден од оние што уживаат во мирисот на домашен леб што ја исполнува кујната, овој рецепт за највкусен леб е идеален за вас.
Потребни се само 20 минути за подготовка. Со неколку основни состојки и едноставна подготовка, можете да направите совршено мек леб што ќе го освои вашето семејство.
Потребни состојки:
- 2 дл јогурт
- 2 јајца
- 230 гр брашно
- 130 мл сончогледово масло
- ½ лажичка прашок за печиво
- 1 лажичка сол
Подготовка:
Изматете едно јајце и една белка со миксер, потоа полека додадете го јогуртот и 130 милилитри масло. Просејте го брашното заедно со прашокот за печиво и солта и мешајте сè заедно додека не добиете мазна смеса.
Намастете плех за печење со масло и наросете го со брашно. Истурете го тестото, израмнете ја површината и премачкајте го со изматена жолчка за лебот да добие златна кора.
Печете во претходно загреана рерна на 230 степени околу 15 минути, додека горниот дел не добие златно-кафена боја. Извадете го готовиот леб, потоа оставете го накратко да се олади и послужете го со вашето омилено јадење.