Превртена торта од јаболка: Комбинација од миризлив фил, мек пандишпан и лесен шлаг

Миризливи печени јаболка, мек пандишпан и лесен шлаг ја прават оваа торта совршен избор за секоја пригода.

Овој едноставен рецепт го најдовме на познатиот хрватски YouTube канал Recepttura.

Потребни состојки:

за овошниот дел:

  • 6 јаболка
  • 75 грама шеќер
  • 1 лажичка мелен цимет

за пандишпанот:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер (65 грама)
  • 5 лажици брашно (40 грама)
  • ½ кесичка прашок за пециво
  • 1 кесичка ванилин шеќер

за декорација:

  • 500 мл шлаг
Подготовка:

Измијте ги, излупете ги и исечете ги јаболката на половинки, потоа отстранете ги семките и исечете ги на парчиња со дебелина од околу 8 милиметри. Посипете ги со цимет и мала количина шеќер.

Намастете тава за печење со путер и брашно и на дното премачкајте го остатокот од шеќерот. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги јаболката околу 25 минути.

Во меѓувреме, подгответе го пандишпанот. Одделете ги белките од жолчките. Матете ги белките додека не се стврднат. Додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер во жолчките и матете додека не добиете пенеста смеса. Додадете го брашното и прашокот за печиво и соединете сè во мазна смеса.

На крај, постепено додавајте ги белките, мешајќи нежно за смесата да остане воздушеста. Извадете ги печените јаболка од рерна и рамномерно распоредете го подготвениот пандишпан врз нив.

Печете го колачот уште 20 минути на 180 степени, а потоа проверете со чепкалка за заби дали е печен. Доколку е потребно, продолжете го времето на печење за уште 5 минути.

По печењето, извадете го колачот од рерна и оставете го неколку минути, а потоа внимателно превртете го на чинија. Оставете да се олади на собна температура. Изматете го кремот додека не стане цврст, потоа намачкајте го врз изладениот колач и рамномерно распоредете го. Ставете го колачот во фрижидер најмалку 4 часа пред сервирање.

Remote video URL
Тагови
реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Рецепти

Рецепт за лангош, унгарски мекици со лук, павлака и кашкавал

Read more

Бисквит пирамида: Десерт што се подготвува за само 15 минути

Read more

Најголемата грешка при пржење јајца се прави уште на почетокот

Read more

Брз гулаш со мелено месо и макарони: Идеален за деновите кога немате многу време

Read more

Магазин

Туристи, не сте добредојдени! Кои се земји се најнетолерантни кон гости ова лето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекувате ако нарачате монтажна куќа од Кина преку интернет?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледал Балканот пред Александар Македонски?

Читај повеќе

Која храна ги „чисти“ артериите и драстично го намалува ризикот од срцев удар?

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Читај повеќе

Кои се најпопуларните вкусови на сладолед во Европа и кој најмногу го јаде?

Читај повеќе

Каде во Европа може да пиете вода од чешма во ресторани?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што треба да појадувате за да имате енергија цел ден?

Читај повеќе

Рецепт за лангош, унгарски мекици со лук, павлака и кашкавал

Читај повеќе