Пржен ослич за Велики петок

Пржениот ослич со прелив од лимон и тревки е идеално јадење за Велики петок за целото семејство.

Осличот е одличен извор на есенцијални масни киселини, а исто така е богат со протеини, минерали и витамини. Содржи аминокиселини и антиоксиданси. Богат е и со омега-3 есенцијални масни киселини, како и со витамини од Б комплексот.

Потребни состојки:
  • 600 гр филе ослич, со кожа и без коски
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол
  • свежо мелен бибер
  • 50 гр маргарин
  • ½ лимон
  • 1 лажица мешани билки (магдонос, власец и мајчина душица)
Подготовка:

Загрејте го маслиновото масло во голема тава и додадете ги зачинетите филети ослич, со кожата надолу. Пржете 1-2 минути додека кожата не почне да станува крцкава, а потоа додадете парчиња маргарин во тавата околу секое филе и пржете уште една минута, додека кожата не стане крцкава.

Превртете ги филетите и пржете уште 3-4 минути. Префрлете ги во загреани чинии додека го подготвувате сосот. Додадете го преостанатиот маргарин во тавата и оставете малку да се растопи на средна температура. Кога ќе се растопи, додадете малку сок од лимон и мешавина од билки, мешајќи за да се соединат.

Зачинете по вкус. Со овој сос прелијте ги филетите од ослич и послужете со брокула на пареа и малку динстани млади компири.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Крем супа од тиквички

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Кремаст колач со мак и овошје

Read more

Полнети пиперки без ориз на херцеговачки начин

Read more

Магазин

  • play_arrow

10 места што биле испразнети и напуштени преку ноќ

Читај повеќе

Што да направите во септември за вашите хортензии да цветаат бујно следната година?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Крем супа од тиквички

Читај повеќе

Како Меркур во Вага ќе влијае на секој хороскопски знак од 10 до 30 септември?

Читај повеќе

Што се случува во телото кога редовно јадете грав? 

Читај повеќе

Зошто Италијанците го пијат утринското кафе „од нога“?

Читај повеќе

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Читај повеќе

Дали кафето навистина ви помага да се разбудите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се движите повеќе после јадење?

Читај повеќе