Рецепт на денот: Цезар пилешки ќофтиња

Цезар пилешките ќофтиња се зачинети, совршени за ручек и многу вкусни.

Ќофтињата може да се подготват и да се чуваат во фрижидер сурови или варени до 2 дена однапред или да се замрзнат во еден слој до 3 месеци. Одмрзнете преку ноќ во фрижидер пред да продолжите со подготовката. Ако ќофтињата се целосно испечени, повторно печете ги во рерна загреана на 200 степени додека не се загреат, пред да ги додадете во сосот. Остатоците може да се чуваат во фрижидер во херметички сад најмногу 4 дена.

Потребни состојки:
  • 70 гр пармезан (+ за сервирање)
  • 120 гр магдонос (+ за сервирање)
  • 120 гр презла
  • 2 чешниња лук
  • 1 големо јајце
  • 1½ лажички сенф
  • кора од 1 лимон
  • ½ лажичка сол
  • ¼ лажичка свежо мелен црн пипер, плус повеќе за сервирање
  • 680 гр мелено пилешко

за сосот:

  • 5 лажици ладен путер
  • 2 чешниња лук
  • 60 мл сок од лимон
  • сол
Подготовка:

Прво направете ги ќофтињата. Ставете ја решетката во горната третина од рерната и загрејте ја рерната на 218°C. По желба обложете плех со алуминиумска фолија. Фолијата премачкајте ја со масло. Заедно во голем сад измешајте рендан пармезан, ситно сечкан магдонос, презла, 2 ситно рендани чешниња лук, 1 големо јајце, сенф, ситно изрендана кора од 1 лимон, половина лажичка сол и четвртина лажичка црн бибер. Додадете го меленото пилешко и мешајте додека состојките убаво не се соединат. Не мешајте премногу оти ќофтињата ќе бидат цврсти. Земајте по2 лажици од смесата и расукајте ги ќофтињата меѓу раце. Ставете ги на плех и распоредете ги рамномерно.

Печете ги 12 до 15 минути. Печете ги додека не поруменат одозгора, уште 2 до 3 минути.

Во меѓувреме, направете го сосот. Растопете 1 лажица ладен путер во тава на силен оган. Додадете 2 чешниња ситно сечкан лук и пржете, често мешајќи, додека не замириса и лесно зарумени, околу 2 минути. Тргнете ја тавата од оган. Изматете ги преостанатите 4 лажици ладен путер и сокот од лимон додека путерот не се стопи. Зачинете со сол по потреба. Во тавата додадете ги ќофтињата и премачкајте ги. Украсете со повеќе бибер, ситно сечкани листови магдонос и рендан пармезан.

реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

Рецепти

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

5 најчести грешки што ги правиме при варењето тестенини

Read more
Шест рецепти за љубители на лута и зачинета храна

6 рецепти за љубители на лута и зачинета храна

Read more

Ловечки шницли со готова мешавина за ѓувеч

Read more
 

Магазин

Скандинавски метод на спиење: Дали ќе ви ја спаси врската?

Читај повеќе

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Читај повеќе

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Читај повеќе

Хепатолог укажува на знаци дека црниот дроб не работи правилно

Читај повеќе
Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден

Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден

Читај повеќе

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Читај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете тестенини?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 март: Што му носи на вашиот знак?

Читај повеќе

Колку брзо по будењето треба да појадувате?

Читај повеќе