Рецепт на денот: Персиска мусака без компири

Научете како да направите персиска мусака без компири што сите ќе ја обожаваат. Толку е вкусна што ќе трeба за сите да има репете.

Ако сте љубител на домашни, топли и заситувачки јадења од рерна и сакате да внесете мала промена во вашето дневно мени, оваа персиска мусака целосно ќе ве освои од првиот залак.

Без компири, но богата со вкусови, оваа комбинација од сочно мелено месо, миризливи печурки и внимателно одбрани зачини носи сосем ново искуство во кое сигурно ќе ужива целото семејство.

посебен шарм на ова јадење му дава последниот слој, лесен снег од белки и стопен кашкавал што се претвора во златна, миризлива кора на која е тешко да се одолее. Токму тоа е деталот што ќе ги натера сите да побараат уште една порција, а вие ќе го додадете рецептов во вашите омилени.

Потребни состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 250 гр печурки
  • 2 јајца
  • 1 парче леб
  • 3 лажици свежо млеко
  • 150-200 гр кашкавал
  • сол
  • бибер
  • оригано
  • лук во прав
  • малку масло (за подмачкување)

Подготовка:

Накратко потопете го лебот во млеко, потоа извадете го и нежно исцедете го. Наместо леб можете да користите и презла - околу 5 лажици презла во 2 лажици вода.

Ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на малку масло, потоа додадете ги исечканите печурки и пржете додека не омекнат и течноста не испари.

Во голем сад, измешајте го меленото месо, натопениот леб, жолчката од јајце и подготвените печурки со кромид. Зачинете со сол, бибер, оригано и лук во прав, а потоа добро измешајте. Подмачкајте плех за печење со масло и премачкајте ја подготвената смеса. Додадете околу две чаши вода или супа за да ја задржите масата сочна за време на печењето.

Печете во претходно загреана рерна на 175 степени околу 40 минути, додека течноста речиси целосно не испари.

Матете ги белките додека не се формираат цврсти врвови. Извадете ја мусаката од рерна, намачкајте ги белките по површината и наросете со рендан кашкавал.

Вратете во рерна и печете уште неколку минути, додека одозгора не се формира златна и крцкава кора.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Рецепти

Десерт на денот: Брза пита пита со јаболка и ореви

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Соган долма: Традиционален турски рецепт за полнет кромид

Read more

Рецепт на денот: Паста со лосос, сушени домати и спанаќ

Read more
 

Магазин

  • filter

Пролетно освежување: Како да го преуредите домот за малку пари?

Читај повеќе

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Читај повеќе

Десерт на денот: Брза пита пита со јаболка и ореви

Читај повеќе

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Читај повеќе

Пет навики што ќе ве зближат со партнерот

Читај повеќе

Како да препознаете дали на вашето тело му недостасуваат протеини?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Читај повеќе

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Читај повеќе