Пилешкото подготвено на тоскански начин е многу сочно, во фин бел сос, со домати и спанаќ.

Овој рецепт доаѓа од италијанскиот регион Тоскана, позната по својата кујна.
Рецептот содржи оригано, кое е богато со флавоноиди, антиоксиданси и есенцијални масла, кои имаат бројни здравствени придобивки. Содржи значителна количина на протеини, има ниска калорична вредност и е богато со витамини А, Е, К и Ц.
Потребни состојки:
- 4 пилешки филети
- 1 лажичка микс од сушени зачини (оригано, мајчина душица)
- 1 лажичка сол
- ½ лажичка бибер
- 3 лажици маслиново масло
- 4 чешниња лук
- 40 гр жолт кромид
- 60 гр сушени домати, исечкани
- 60 гр млад спанаќ
- 400 гр павлака за готвење
- 30 гр пармезан
Подготовка:
Зачинете ги обете страни од секое пилешко филе со зачини, сол и бибер. Загрејте голема тава со малку маслиново масло. Додадете го пилешкото, пржете го 3 до 4 минути од секоја страна и префрлете го на чинија. Во зависност од дебелината на месото оценете дали ќе ви треба дополнителна минута.
Во истата тава, додадете уште една лажица масло и ситно исечкан кромид. Гответе 2 до 3 минути, додека кромидот не омекне. Додадете ги сушените домати и многу ситно сечканиот лук и гответе уште една минута, додека не замирисаат. Додадете го спанаќот и гответе уште една минута. Потоа додадете ја павлаката и ренданиот пармезан, промешајте и оставете да зоврие.
Вратете го пилешкото во тавата и гответе додека не се загрее, околу 5 минути.