Рецепт за најдобрите полнети модри патлиџани: Наполнете ги со месо и печете со кашкавал

Научете како да подготвите совршен полнет модар патлиџан со месо и кашкавал. Овој рецепт е едноставен и идеален за лесен летен ручек.

Кога сакате да направите комплетен ручек од сезонски зеленчук, полнетиот модар патлиџан е одличен избор.

Мекиот печен зеленчук, богатиот фил од месо и домати и слојот стопен кашкавал му даваат на јадењето полн вкус, без потреба од комплицирана подготовка или голем број состојки.

Совет: Изберете модри патлиџани со средна големина со мазна и сјајна кора, бидејќи имаат помалку семки и поблаг вкус.

Потребни состојки:
  • 4 средни модри патлиџани
  • 250 гр мелено месо
  • 2 кромида
  • 4 чешниња лук
  • 2 свежи домати
  • 250 мл доматно пире
  • 100–150 гр гауда
  • масло
  • сол
  • бибер
  • оригано
Подготовка:

Измијте ги модрите патлиџани и по должина исечете ги на половина. Посолете ја исечената страна и оставете ги околу 20 минути за да се ослободи вишокот течност и горчината. Потоа исушете ги со хартиена крпа и внимателно издлабете ја средината со лажица, внимавајќи да оставите доволно месо близу до кората за да ја задржат формата. Исечете го издлабениот дел на мали коцки.

Ситно исечкајте го кромидот и пржете го во малку врело масло додека не стане проѕирен. Додадете го ситно исечканиот лук и пржете кратко додека не замириса.

Додадете го исечканиот модар патлиџан во тавата и пржете неколку минути додека не омекне. Потоа додадете го меленото месо, издробете го со вилушка и пржете додека не ја промени бојата. Зачинете со сол, бибер и оригано.

Измешајте ситно исечкани свежи домати во филот и прелијте го доматното пире. Гответе на средна температура додека вишокот течност не испари и филот не стане густ и сочен.

Половинките од модар патлиџан ставете ги во плех обложен со хартија за печење или лесно намастен со масло. Наполнете ја секоја половинка со подготвениот фил, внимавајќи рамномерно да го распоредите.

Ставете го плехот во рерна загреана на 250 степени и печете околу 25 минути, додека модрите патлиџани не омекнат.

Кон крајот на печењето, врз секој полнет модар патлиџан премачкајте рендан кашкавал гауда. Вратете рерна неколку минути, додека кашкавалот целосно не се растопи и не добие златна кора.

Откако ќе ги извадите од рерна оставете ги полнетите модри патлиџани да отстојат неколку минути, а потоа послужете ги топли. Одлично одат со сезонска салата, ориз или свеж домашен леб.

Тагови
реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Рецепти

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Макарони во рерна на грчки начин

Read more

Генијален трик на Џејми Оливер за совршена салата од краставици

Read more

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Read more

Магазин

Постојано сте уморни? Неколку секојдневни навики можеби ви ја црпат енергијата

Читај повеќе

Мерењето на времето не е природно: Зошто часовниците, календарите и временските зони станале политичко прашање низ историјата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Читај повеќе

Зошто не треба да јадете пакувана салата?

Читај повеќе

Зошто утринскиот секс е уште подобар во лето?

Читај повеќе

Трчање или возење велосипед: Што е подобро за вашето тело?

Читај повеќе

Како можете да го намалите ризикот од инфекција со западнонилска треска?

Читај повеќе

Што најмногу го крева шеќерот во крвта? 

Читај повеќе

Што треба да јадете и пиете ако цел ден сте биле на сонце?

Читај повеќе