
Кога температурите ќе се зголемат, ретко кому му одговара тешка и мрсна храна – а уште помалку топло јадење од пекара, полно со празни калории и адитиви.
Наместо тоа, сè повеќе луѓе се одлучуваат за поздрава, попрактична и поекономична опција: оброк-салата што може да се понесе од дома.
Салатите во стаклена тегла не се само тренд од Instagram – тие се паметно решение за зафатени луѓе кои сакаат да јадат квалитетно, без големи трошоци. Сè што ви е потребно е тегла со капак и малку организација.
Важно е состојките да се редат по слоеви – од највлажните до најсувите – за салатата да остане свежа и крцкава до ручек.
Состојки за еден оброк:
2 лажици маслиново масло
1 лажица сок од лимон
Прстофат оригано
1/2 шолја варен наут
1/2 шолја сечкана краставица
1/2 шолја чери домати, преполовени
1/4 црвен кромид, тенко исечен
1/2 конзерва туна во сопствен сок (исцедена)
Грст рукола или беби спанаќ
Сол и бибер по вкус
Редослед на редење во теглата:
На дното: маслиново масло, сок од лимон, оригано
Потоа: наут
Краставица и домати
Црвен кромид
Туна
Зелена салата (рукола или беби спанаќ)
Состојки за еден оброк:
2 лажици јогурт-дресинг или кисела павлака со лимон
1 варено јајце, исечено на четвртини
3-4 чери домати, преполовени
1/2 авокадо, исечено (прелиено со лимонов сок за да не потемни)
1/4 шолја варено пилешко месо, исечено на коцки
1 лажица сечкана сланина (по желба)
1 лажица рендан тврд кашкавал (гауда, чедар или пармезан)
Грст мешана зелена салата
Редослед на редење во теглата:
На дното: дресинг
Јајце
Домат
Авокадо
Пилешко и сланина
Кашкавал
Зелена салата
Состојки за еден оброк:
2 лажици соја сос и сок од лимета (или оризов оцет)
1 лажичка мед
1/2 шолја варени оризови резанци или интегрални шпагети
1/4 морков, рендан
1/4 црвена пиперка, исечена на ленти
1/2 шолја тенко сечкана зелка (црвена или бела)
1 лажица несолени кикиритки
Грст свеж коријандер или магдонос
Редослед на редење во теглата:
На дното: соја сос, лимета и мед
Резанци
Морков и пиперка
Зелка
Кикиритки
Коријандер или магдонос
Салатата може да стои во фрижидер до два дена ако е внимателно наредена.