Шпагети ала путанеска е совршен избор за деновите кога сакате оброк со малку риба. Подгответе брз и вкусен ручек за помалку од половина час.
Се прави брзо, од едноставни состојки, а благодарение на тестенините, доматите, маслинките и инчуните, е заситувачко и полно со вкус јадење.
Без долго стоење покрај шпоретот, за околу 20 минути добивате топол и ароматичен оброк кој убаво ќе го надополни менито за посни јадења.
Ова јадење потекнува од Неапол, а рецептот варира во зависност од тоа дали е од градот или од соседниот регион Лацио. Главната разлика е што неаполитанската верзија се подготвува без риба.
Иако путанеска сосот е наменет за шпагети, Италијанците го комбинираат и со пене, букатини, лингвини и вермичели.
Потребни состојки:
- 200 гр шпагети
- 2 лажици екстра девствено маслиново масло
- 2 чешниња лук
- 3 филети од инчуни
- 30 гр црни маслинки без семка
- капери
- ¼ лажичка чили
- 400 гr сечкани конзервирани домати
- 125 мл вода
- 1 лажичка свежo оригано
- прстофат сол
- прстофат бибер
- ¼ лажичка шеќер (по потреба)
- 2 лажици свеж босилок
Подготовка:
Во голем сад зовријте ја водата. Посолете и додадете ги шпагетите. Гответе според упатствата на пакувањето (ни минута повеќе!), оставајќи околу 150 мл од водата во која се вареле шпагетите пред да ги исцедите.
Во големо тавче загрејте го маслиновото масло на средна температура. Додадете го ситно исечканиот лук и пржете кратко, околу 15 секунди, додека не замириса и не добие лесна боја.
Додадете ситно исецкани инчуни, маслинки, капери и чили. Пржете околу една минута, мешајќи, додека инчуните речиси целосно не се растворат во маслото.
Додадете ги исецканите домати, потоа сипете вода во празната конзерва, протресете и додадете во тенџерето. Додадете го ориганото, биберот и прстофат сол. Оставете да зоврие, потоа намалете ја температурата и варете на тивок оган околу 10 минути, додека доматите не омекнат, а сосот не стане погуст и поароматичен. Пробајте и додадете малку шеќер доколку е потребно ако доматите се многу кисели.
Веднаш префрлете ги исцедените шпагети во тавата со сосот. Додадете околу 60 мл од задржаната вода од тестенините и добро мешајте уште една минута на тивок оган. Скробот од водата ќе помогне сосот да се залети околу секоја шпагета. Додадете уште малку вода доколку е потребно.
Послужете ја пастата путанеска веднаш. Додадете малку маслиново масло врз готовата паста и наросете со свежо сечкан босилок.