За многумина, 1 Мај не може да помине без скара, а за месото да биде совршено меко и сочно, подгответе ја маринадата според следниот рецепт.
Клучот за добра подготовка не е само во квалитетот на месото, туку и во вистинската маринада што го омекнува и го збогатува со зачини. Добро подготвената маринада продира во месото, го прави посочно и му дава препознатлив домашен вкус што секој го сака.
Состојки:
4 лажици маслиново масло
3 чешниња лук (ситно исечкани или згмечени)
1 лажица сенф
2 лажици соја сос
1 лажица мед
1 лажичка црвен пипер
1/2 лажичка црн бибер
1 лажичка сушено оригано
сок од половина лимон (или малку оцет)
сол по вкус
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во сад додека не добиете еднолична смеса.
Додадете го месото и добро извалкајте го во маринадата.
Покријте и ставете го месото во фрижидер најмалку 2 часа (идеално преку ноќ).
Пред печење, извадете го месото од фрижидер околу 20 минути за да се загрее на собна температура.
Два до шест часа маринирање се доволни за пилешко.
Говедското и телешкото месо може да се остават подолго (осум до 24 часа).
Ако сакате полуто, додадете малку чили или лута пиперка.