Сладолед торта со бисквити за летно освежување

Оваа сладолед торта со бисквити освојува на секој залак, па затоа ќе барате репете.

Торта со сладолед е идеална за топлите летни денови или за секоја посебна пригода. Комбинирајќи ја кремастата текстура на сладоледот со различни додатоци како овошје, чоколадо или бисквити, оваа торта освојува со првиот залак и никого не остава рамнодушен. Подготовката е едноставна, а резултатот е вистинско уживање за целото семејство.

Ако сакате дополнителен шмек, можете лесно да ги навлажнете бисквитите со сок од портокал, млеко или кафе пред да ги редите еден врз друг.

Состојки:
  • 400 мл млеко
  • кора од 1 лимон
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 1 стапче цимет
  • 2 јајца
  • 30 гр шеќер
  • 20 гр пченкарен скроб
  • сок од 1 лимон
  • 80 гр кондензирано млеко
  • 100 мл шлаг
  • чоколадни бисквити
  • 1 лажичка какао
  • 50 гр чоколадо (за глазура)
  • малку топол крем (од подготвениот)
  • мелени ореви (за декорација)
Подготовка:

Истурете го млекото во тенџере, додадете ја кората од лимон, ванилиниот шеќер и стапчето цимет. Ставете го на шпорет да се загрее, но не дозволувајте да зоврие.

Во посебен сад, изматете ги жолчките со шеќерот и пченкарниот скроб додека не се добие пена. Кога млекото ќе почне да врие, отстранете ја кората и циметот, а потоа полека истурете го топлото млеко во изматените жолчки, мешајќи постојано. Вратете сè на шпоретот и гответе на тивок оган додека не се згусне. Тргнете од оган, додадете го сокот од лимон и кондензираното млеко, добро промешајте и оставете да се олади. Изматете ги белките одделно додека не се стврднат, а во друг сад изматете го шлагот. Нежно измешајте ги двете смеси со изладениот крем.

Земете помал калап, покријте го со проѕирна фолија и почнете да го составувате: прво истурете ја половината од филот, измешајте го какаото во другата половина, истурете го одозгора и на крај додадете ги бисквитите. Ставете го колачот во замрзнувач најмалку 2 часа. Кога целосно ќе се стегне, извадете го од калапот така што бисквитите ќе бидат долниот слој. Растопете го чоколадото, измешајте го со малку топол крем, потоа прелијте го колачот и наросете со мелени ореви.

Remote video URL
реклама

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Read more

Лавров ги соопшти руските услови за мир

Read more

Грција воведува построги правила: Што значи ова за туристите од Македонија?

Read more

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Read more

Рецепти

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Read more

Салата од брокула со крцкава сланина и кремаст дресинг

Read more

За летно освежување: Салата од лубеница, фета и краставица

Read more

Совети за банана сплит како од слаткарница

Read more
 

Магазин

Доктор предупредува зошто не треба да пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Говорот на телото може многу да открие: Како да препознаете дали партнерот ве лаже?

Читај повеќе

Помалку познати симптоми кои можат да укажуваат на бременост

Читај повеќе

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Читај повеќе

Светски ден на чоколадото: Објавена мапа на земјите според потрошувачката, како стои Македонија?

Читај повеќе

Кое е најлошото време за наводнување на градината во лето?

Читај повеќе

Една состојка може да ја спаси вашата градина од суша

Читај повеќе

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Читај повеќе

Колкав коефициент на интелигенција има просечниот Македонец?

Читај повеќе