Слаткарски трик како да не ви потоне овошјето на дното на колачот

Ако некогаш сте подготвувале пандишпан со овошје, сигурно знаете дека овошјето понекогаш тоне на дното за време на печењето. Сепак, има едноставен начин како да го спречите тоа.

Есента е идеално време за ароматични колачи кои најдобро одат со шолја кафе или чај, но може да се изнервирате кога овошјето ќе потоне на дното на калапот, оставајќи делови од колачот суви.

Затоа, следниот пат кога ќе го подготвувате овој десерт, едноставно измешајте го овошјето со малку брашно. Парчињата овошје обложете ги со тенок слој брашно, а потоа внимателно да ги измешате со подготвената смеса за колачот.

Овој трик доаѓа од King Arthur Baking, позната американска веб-страница за готвење и печење која објавува рецепти и совети. Нивниот блог препорачува овошјето да се измеша со малку брашно пред да се додаде во смесата, бидејќи тоа помага да се спречи неговото тонење за време на печењето.

И Food Network, голема американска платформа за кулинарски содржини на телевизија и интернет, го применува истиот принцип. Во рецептот за колач со праски, дел од брашното се користи за обложување на парчињата овошје, со напомена дека тоа помага тие да не потонат на дното на калапот.

Сепак, улога игра и густината на смесата. Како што објаснуваат од King Arthur Baking, погустата смеса подобро го задржува овошјето, додека кај многу ретка смеса постои поголема веројатност овошјето да заврши на дното.

Ако подготвувате колач со вишни, погрижете се прво добро да ги исцедите вишните. Потоа, лесно посипете ги со брашно и измешајте ги додека не се обложат со тенок слој.

На крајот, внимателно измешајте ги со смесата за колачот. Ова ја зголемува веројатноста дека вишните ќе останат рамномерно распоредени низ целиот колач, наместо сите да потонат на дното.

реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Рецепти

Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Read more

Зошто лукот е омилен додаток во многу солени јадења?

Read more

Магазин

Како да постапите ако некој колабира пред вас?

Читај повеќе

Три хороскопски знаци до Нова Година ќе го добијат она што долго го посакувале

Читај повеќе

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Читај повеќе

Витамини и додатоци кои е корисно да ги земате во есен

Читај повеќе

Средновековен град го исклучи уличното осветлување, улиците ги осветлуваат свеќи

Читај повеќе
  • play_arrow
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да јадете овошје? 

Читај повеќе

Кафето без кофеин го подобрува помнењето

Читај повеќе

Што ви се случува во телото ако не испиете чаша вода наутро?

Читај повеќе