За прослава или друга празнична пригода, не заборавајте да направите подобра верзија на руската салата - версајска салата користејќи го следниов рецепт.
Доколку сакате на вашата празнична трпеза да имате салата што ја комбинира традицијата со модерен, елегантен вкус, версајската салата е вистинскиот избор.
Оваа софистицирана верзија на класичната руска салата ќе ве воодушеви уште при првиот залак - пушеното пилешко месо, свежите краставици и кремастиот компир совршено се надополнуваат, создавајќи салата што ќе биде ѕвезда на вашата прослава.
Мека, ароматична и богата, ќе ги импресионира гостите, а подготовката е доволно едноставна што со малку внимание, секој може да ја подготви без стрес.
За поздрава опција, можете да замените дел од мајонезот со густ грчки јогурт. Вкусот останува богат, но салатата станува полесна и помалку калорична.
Потребни состојки:
- 4 компири (околу 500 гр)
- 2 моркова (околу 200 гр)
- 200 гр пушени пилешки гради
- 2 свежи краставици (околу 250 гр)
- 6 јајца
- 150-180 гр мајонез
- сол
- бибер
- зелено јаболко или авокадо (по желба)
Подготовка:
Варете ги морковите компирите со лушпа додека не омекнат. Откако ќе се изладат, излупете ги и исечкајте ги на мали, рамномерни коцки. Тврдо сварете ги јајцата, излупете ги и исечкајте ги на коцки со иста големина.
Исечкајте ги пушените пилешки гради и свежите краставици на коцки со иста големина, така што текстурата на салатата ќе биде рамномерна и хармонична. По желба, додадете ситно исечкано зелено јаболко или авокадо за освежителна нота.
Ставете ги сите состојки во голем сад. Додадете мајонез и добро измешајте. Зачинете со сол и бибер по вкус. За полесна верзија, можете да го замените мајонезот со густ грчки јогурт, што ја прави салатата освежителна и помалку калорична.
Ставете ја готовата салата во фрижидер најмалку еден до два часа за да се спојат вкусовите.